Достапни линкови

Ќе се приклучи ли Македонија во санкциите против Русија?


Од МНР велат дека Македонија како кандидат за ЕУ се усогласува со нејзините позиции во доменот на надворешната политика. Воедно, како што нагласуваат, се дел од ставовите и видувањата на Унијата.

ЕУ повика трети земји, како и кандидатите и потенцијалните кандидати за членство да се приклучат на нејзината позиција за украинската криза и рестриктивните мерки против Русија. Портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, Маја Коцијанчиќ, вели дека тоа е стандардна пракса и веќе некои земји од Западен Балкан, како Албанија и Црна Гора ја дадоа својата поддршка на ЕУ.
Ние зборуваме за позицијата на 27-те земји членки на ЕУ, но беше побарано истата да ја прифатат и трети земји и тоа е стандардна пракса да ги охрабриме да го сторат тоа. Тоа особено важи за земјите кандидати.
Маја Коцијанчиќ, портпаролка на шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.


„Ние зборуваме за позицијата на 27-те земји членки на ЕУ, но беше побарано истата да ја прифатат и трети земји и тоа е стандардна пракса да ги охрабриме да го сторат тоа. Тоа особено важи за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство, бидејќи нивната долгорочна перспектива е европската, чија надворешна политика во иднина ќе стане нивна“, вели Коцијанчиќ.


Од МНР велат дека Македонија како кандидат за ЕУ се усогласува со нејзините позиции во доменот на надворешната политика. Воедно, како што нагласуваат, се дел од ставовите и видувањата на Унијата.
Не знам што чека македонската влада, очигледно нешто чека. Срамота, ние сме сепак првата држава што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а сега сме последни што нели ќе ја применуваат.
Лидија Димова, СДСМ.


Лидија Димова од Советот за ЕУ-интеграции на СДСМ вели дека Македонија има обврска со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација да ги застапува истите ставови како Унијата во делот на надворешната политика.

„Така што, не знам што чека македонската влада, очигледно нешто чека. Срамота, ние сме сепак првата држава што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а сега сме последни што нели ќе ја применуваат, така што нека си проверат кои им се обврските во делот на заедничка надворешна и безбедносна политика и нека се фатат за работа, буквално“, вели Димова.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека Македонија има проблем, бидејќи нема дефинирано што сака да постигне. Според него, властите не сакаат да ја лутат ни Русија, ни ЕУ.

„Меѓутоа сето тоа не може така да трае и на крај Македонија ќе мора да се одлучи. Јас мислам дека во деновите што доаѓаат ќе биде принудена да се одлучи за ЕУ и да направи дистинкција во нејзината позиција, за сериозноста за зачленување во ЕУ и ќе ја осуди, односно ќе ја заземе таа позиција на ЕУ“, вели Демири.

ЕУ и САД ги замрзнаа странските банкарски сметки на конкретни лица од Русија и им забранија влез на своја територија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG