Достапни линкови

Нема македонски „Ноќни волци“ во Украина


Ленин Јовановски, претседател на македонскиот мото клуб „Ноќни волци“.
Ленин Јовановски, претседател на македонскиот мото клуб „Ноќни волци“.

Претседателот на мото клубот „Ноќни волци“, Ленин Јовановски, вели дека моментално во Украина нема членови на овој клуб, оти тоа никој не го побарал од нив.

Членови на македонскиот мото клуб „Ноќни волци“ нема моментално во Украина, вели претседателот на клубот, Ленин Јовановски, откако деновиве во медиумите се појавија информации дека групата „Ноќни волци“, тргнале кон Крим, Украина за ги поддржат про-руските демонстранти.
Во делот на присуството на „Ноќните волци“ во Украина, да таму ги има, меѓутоа нема никој присутен од Македонија, бидејќи тоа никој не го побарал од нас.
Ленин Јовановски, Ноќни волци.

„Во делот на присуството на „Ноќните волци“ во Украина, да таму ги има, меѓутоа нема никој присутен од Македонија, бидејќи тоа никој не го побарал од нас, а сметам дека освен таа морална поддршка што ние ја даваме на сите оние кои таму сакаат целата состојба да се реши на еден мирен начин, значи нема од македонските „Ноќни волци“, присутни таму“, вели Јовановски.

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на руските „Ноќни волци“ Александар Залдостанов.
Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на руските „Ноќни волци“ Александар Залдостанов.
Членовите на интернационалниот куб „Ноќни волци“што се присутни таму се во рамки на хуманитарен конвој или се од блиската околина, претежно од Севастопол, бидејќи тоа е место каде се одржуваат Бајк шоуаота, појаснува Јовановски.

Ноќни волци е интернационално распространет клуб и го има во повеќе држави. Улогата на Ноќните волци во Украина е од хуманитарен и од аспект на смирување на состојбата таму и заштита на интересите на домицилното население, затоа што ние како мото клуб сме против употребата на насилие, односно сме од другата страна ако некој со насилие се обидува да ги наметне своите ставови, вели Ленин Јовановски.
Во нашиот кривичен законик постои клаузула каде што се вели дека нашите граѓани не смеат да учествуваат во борбени дејства надвор од Република Македонија, посебно не на неорганизиран начин и дека тоа е фактички кривично дело.
Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

Инаку последните месеци актуелно беше и учеството на македонски граѓани и во Сирија. Тогаш неколкумина и загинаа. Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност,вели дека наши граѓани одат во Блиско источните кризни жаришта од идеолошки или од парични причини.

Работејќи на решавање на ваквиот проблем на Косово, според информациите на тамошните медиуми со казна затвор се предвидува да се санкционираат сите што би оделе да војуваат во странска земја. И Македонија се обидува да ја спречи оваа појава. Марковски вели дека нејзиното спречување е регулирано со клаузула во кривичниот закон.

„Ние иако немаме децидно во нашиот кривичен законик наведено дека освен во организирана смисла можат да се испраќаат мировни мисии, сепак во нашиот кривичен законик постои клаузула каде што се вели дека нашите граѓани не смеат да учествуваат во борбени дејства надвор од Република Македонија, посебно не на неорганизиран начин и дека тоа е фактички кривично дело.“

Иако досега немаше никакви официјални бројки, според некои процени, од Босна, Косово, Албанија, Македонија, Србија, Хрватска и од Бугарија како доброволци во Сирија заминале приближно 600 лица. За голем дел од овие луѓе потрагата по туѓите идеали завршува на боиштата.

Во врска со ситуацијата во Украина, Марковски вели дека имаме специфична ситуација каде се влијае и да се учествува во разрешувањето на кримската ситуација. Според Марковски интерес на Македонија е не само да не учествува директно во овие ситуации, ниту на организиран ниту на неорганизиран начин, зошто нашето учество може да се протолкува како ставање на една од страните во овие кризни ситуации.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG