Достапни линкови

Младински активизам без граници


Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.
Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.

Започнавме да планираме проект со кој сакавме да направиме нешто повеќе за младите од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија. Првото прашање ни беше зошто навистина се толку блиску, а толку далеку младите кои живеат во пограничниот регион, пишува Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„Млади без граници - можно ли е да не ги гледаме границите и да им овозможиме на младите да соработуваат и да делуваат заедно?“, беше прашањето кое си го поставивме кога го планиравме проектот со кој сакавме да направиме нешто повеќе за да ги доближиме младите од Македонија и Албанија. Ова е предизвик не само за нас како граѓански активисти, туку и за институциите кои треба да се грижат за да направат нешто повеќе за да го подобрат животот и мобилноста на младите.
Започнавме да планираме проект со кој сакавме да направиме нешто повеќе за младите од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија. Првото прашање ни беше зошто навистина се толку блиску, а толку далеку младите кои живеат во пограничниот регион.

Започнавме да планираме проект со кој сакавме да направиме нешто повеќе за младите од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија. Првото прашање ни беше зошто навистина се толку блиску, а толку далеку младите кои живеат во пограничниот регион, дали навистина границата ги разделила младите луѓе, или, пак, тоа е традиција на општествата, или, пак, претходните генерации ни оставиле пракса да не соработуваме со нашите соседи?

Започнавме да истражуваме и да бараме соодветен партнер кој ќе може да се носи и со предизвикот и со активностите, од овој процес увидовме дека граѓанскиот сектор, а особено младинските организации од Албанија немаат доволен капацитет. Скоро и невозможно е да се најде сериозен партнер-младинска организација во пограничниот регион. Нивото на развој на граѓанскиот сектор е многу слабо, бројните интервенции на меѓународните организации во Албанија не резултирале со стабилен, одржлив и силен граѓански сектор со развиени програми. Конечно идентификувавме партнер кој е со седиште во Тирана, но има свои активности во пограничниот регион.

Ги креиравме заедно активностите со кои ќе придонесеме за поголем развој на младинските организации, преку кои, пак, ќе овозможиме младите да се вклучат во взаемни активности. Во период од тринаесет месеци, пет македонски и пет албански младински организации поминаа низа на обуки во кои заедно учеа и разменуваа искуства за проблемите кои ги имаат младите и кај нас и кај нив. Од овој процес увидовме дека границата не била пречка за да може да се соработува, да се комуницира, да се креираат заеднички стратегии како да се стигне до подобрување на животот на младите. Увидовме дека младите, учесници на активностите, го имаат истиот ентузијазам, енергија за да направат нешто повеќе, но и грижа за тоа како можат да им помогнат на своите врсници од другата страна на границата. Интересно е што можеме да го окарактеризираме профилот на обичниот млад човек од двете држави, тој е сличен или скоро ист, го води мотивот и енергијата за промена, да направи нов чекор за да се подобри општата состојба.

Убаво е искуството кога седиш со млади и разговараш за нови предизвици, а посебно е поголема енергијата кога тие не се оптоварени од политиката, тогаш се забележува дека и креативноста е поголема, визионирањето без политичка цел кај младите е толку слободно и далековидно.
Нашите млади пред сè ги водеше мотивот што тие можат да направат за да им помогнат на нивните врсници од Албанија, дали нашите практики и искуства ќе можат да се адаптираат на нивната средина.

Од овој проект и ние како Коалиција СЕГА научивме многу, особено за младинскиот активизам таму, во Албанија, каде постојат многу млади кои се спремни да се приклучат во иницијативи кои за жал таму ги нема многу. Сè уште може да се евидентира дека активностите на граѓанските организации во Албанија се краткорочни, и дека перцепцијата на граѓанските активисти е оти не веруваат дека можат да направат големи промени. Тоа го рефлектира ниското ниво на развој на секторот, слабата поддршка од страна на институциите и директната работа со младите како најранлива категорија на граѓани. Наспроти тоа, од другата страна на границата, овде кај нас во Македонија, сè уште постои силен потенцијал и енергија и кај младите и кај младинските организации со кои работевме во рамките на проектот. Нашите млади пред сè ги водеше мотивот што тие можат да направат за да им помогнат на нивните врсници од Албанија, дали нашите практики и искуства ќе можат да се адаптираат на нивната средина. Тоа е силен сигнал на грижата за помош на соседот, да се премине границата и да се помогне зашто и тие поминале низ истиот процес, ги поминале истите пречки.

Ова треба да биде силен сигнал за властите кај нас, дека постои потенцијал во младите кои гледаат на подалеку, не само да си помогнат себе си, туку да им помогнат и на другите иако се одделени со формална граница. Треба да се запрашаат и општините, особено од пограничниот регион, дали во своите годишни програми имаат барем една активност преку која ќе ги поврзат обичните граѓани со нивните соседи, да разговараат заедно да разменат културни традиции, или, пак, да разменат искуства или методологии. Но, за жал тоа е само една поширока европска мисла и димензија која сè уште е далеку од секојдневното планирање и работа на локалните институции. Можеби напорите на Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка ќе ги натера општините повеќе да размислуваат и да планираат како да соработуваат со своите соседи, но сепак се работи за свест и стратегија на општините.

И ете ние, како организација која не доаѓа од Скопје, со поддршка на ИПА програмата, покажавме дека постои потенцијал и капацитет и од внатрешноста на Македонија, постои потенцијал кој може да ги мобилизира младинските организации и да го искористи пред сè активизмот на младите кои не се дел од центарот на случувањата, но сепак има доволно сила и квалитет за да креира нови пет партнерски прекугранични проекти со кои во иднина ќе овозможат вклучување на многу млади од двете држави, за да му помогнат на обичниот млад човек, да ја подобрат неговата состојба, неговиот живот.
XS
SM
MD
LG