Достапни линкови

Деневен печат - избори, загадувачи и Украина


Колку ќе чинат изборите, што кажале набљудувачите, за сомнителни гласачи, за политиката на ДУИ, како и за прогледувањето низ прсти на големите загадувачи и за Украина, пишуваа весниците изминатата недела.

Двојните, претседателските и вонредните парламентарни избори, ќе го скратат државниот буџет за 8 и пол милиони евра, објавува Утрински. Истиот весник информира дека мисијата на ОДИХР го почна мониторингот на предизборните активности на партиите. Шефот на мисијата, нам добро познатиот и од претходните години, Герт Аренс, изјави дека препораките на ОДИХР се вградени во законите, но треба да се види како ќе се спроведуваат на терен.
Ахмети за бојкот, интелектуалците против - не е веќе дилема дали ДУИ ќе ги бојкотира изборите, туку дали гласачите Албанци ќе ги слушаат партиските директиви.
Утрински весник.

Дневник пишува дека делегацијата од Советот на Европа, која деновиве беше во Македонија, има низа забелешки по испитувањето на предизборната клима: постои критичен став за одлуката на ДУИ да се бојкотираат претседателските избори, за истовременото одржување претседателски и парламентарни избори, што може да предизвика проблем, а се спомнуваат и медиумите кои, како што изјавиле од делегацијата, дејствуваат пристрасно и повеќе шират пропаганда, наместо објективно известување.
Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР. Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.
Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР. Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.

Утрински насловува: „Ахмети за бојкот, интелектуалците против - не е веќе дилема дали ДУИ ќе ги бојкотира изборите, туку дали гласачите Албанци ќе ги слушаат партиските директиви“. Вечер како да одговара на ставот на ДУИ: „Што ако се бара консензуален градоначалник за Струга, Тетово и Кичево - Легитимно избран претседател не може да се оспори!“, препорачува весникот.
Уште 3.000 сомнителни гласачи во Ресен, Кичево и во Охрид“ и додава дека политичките партии лани евидентирале околу 13.800 гласачи кои се водат на исти адреси.
Слободен печат.

Слободен печат пишува за откритието на СДСМ: „Уште 3.000 сомнителни гласачи во Ресен, Кичево и во Охрид“ и додава дека политичките партии лани евидентирале околу 13.800 гласачи кои се водат на исти адреси.

Откако од министерството за екологија го напуштија тврдиот став дека од 1 април сите големи загадувачи на воздухот мораат да имаат филтри на оџаците, и откако „Макстил“ на Минчо Јорданов доби одложување од 6 месеци, сега и „Југохром“ може да продолжи да загадува- „Комбинатот од Јегуновце допрва ќе инвестира 10 милиони евра во систем за отпрашување на гасовите“, информира Утрински. И пак истиот весник информира дека „Се затрувме доволно за цела година - само за два месеца сите мерни станици ги исполнија годишните квоти за присуство на опасни суспендирани честички ПМ10 и официјално влеговме во црната листа на загадени држави за 2014 година на Светската здравствена организација“.

На истокот од Европа -усложнување: „Од понеделник ЕУ ѝ воведува санкции на Русија“ (поради мешањето во Украина и на Крим) - информира Дневник, а Утрински известува дека „Студенти го зазедоа Ректоратот на Белградскиот универзитет барајќи бесплатно школување“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG