Достапни линкови

Уништени крстови на гробиштата во Локвени


Искршените крстови на гробиштата во Локвени предизвика немир кај жителите. Во крушевското село живеат Македонци и Босанци - муслимани и досега немале никаков проблем.

Кршењето на крстовите од православните гробишта во крушевско Локвени предизвика немир меѓу жителите, кои припаѓаат на различна вера и нација. Од 220 локвенци, повеќе од половина се наоѓаат на работа во странство, па денес во селото живеат стотина жители. Од нив само 14 се Македонци, православни христијани, а другите се Босанци со муслиманска вероисповед.
Вознемирени сме затоа што довербата ни се губи еден кон друг, добро си живеевме долго време, немало никакви инциденти досега, имало некои ситни провокации од различни деца, некои се прибележани, снимани, се чуваат во архива, ама не се кажуваат кои се.
Анкетиран жител на Локвени.

Но, велат низ годините заеднички живот, немало проблеми, никогаш не се делеле по која било основа, се разбирале како луѓе, си помагале кога имало потреба. Сите превирања во државата досега успеале да ги надминат без проблем, затоа сега се изненадени и со сомнеж дека некој сака да им го наруши пријатното и мирно секојдневие, обременето со социјални, а не политички проблеми.

„Вознемирени сме затоа што довербата ни се губи еден кон друг, добро си живеевме долго време, немало никакви инциденти досега, имало некои ситни провокации од различни деца, некои се прибележани, снимани, се чуваат во архива, ама не се кажуваат кои се.“

„Ова може да го направи само некој нечовек што е, што не верува во ништо.“
Ова е нешто најлошо што се случи, ама треба да се најде, да се открие кој е, оти да не згрешам, досега ние овде сме од 1980 година и немавме еден лошо збор со никој, како едно живеевме, е сега ова што се случи, нека работи малку и полицијата.
Раим Хајрединовиќ, жител на Локвени.

„Добро живеевме како со секој човек, некогаш ќе се скараме, некогаш ќе се смириме.“

„Животот многу убав да си биде, како и досега, да не биде со вакви работи“, реагираат Македонците кои живеат во Локвени.

Не помалку вознемирени се и жителите од муслиманска вера.

„Ова е нешто најлошо што се случи, ама треба да се најде, да се открие кој е, оти да не згрешам, досега ние овде сме од 1980 година и немавме еден лошо збор со никој, како едно живеевме, е сега ова што се случи, нека работи малку и полицијата, нека го открие кој и да е, да не остане потоа, овој бил, оној бил, по верски, по онака. Ова сите ние го осудуваме и за нас е тешко.“

„Ние овде со овие живееме како исто да сме, ние нема врска по вера, по нација, тоа треба да се осуди, да се најде кој го направил и да се каже, ова е греота и срамота што се прави“, велат Раим и Нерко Хајрединовиќ, жители на Локвени и тврдат дека тоа е мислењето на сите соселани од муслиманска вероисповед.

Парохискиот свештеник повикува да се смират тензиите, а полицијата да ги открие сторителите.

„Ова е еден вандалски чин, несекојдневен, не би требало да се случува без разлика кој е сторителот, порачуваме да не се повтори и воопшто да не се случи, особено во вакви места, каде што е ранливо, бидејќи овде е мешано село, живеат муслимани и христијани. Обично таму постојано се случува“, вели парохискиот свештеник, Јане Петрески.

Од СВР Битола информираат дека во тек е истрага за откривање на сторителите. Мештаните очекуваат дека набрзо ќе ги дознаат имињата на оние кои сакаат да сеат верска омраза и нетрпеливост, дека ќе бидат казнети согласно со законот и дека животот во Локвени ќе продолжи како и досега.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG