Достапни линкови

Mедиумски закони за поголема контрола


Со Законите за медиуми не се остварува првичната намера, законите да бидат усогласени со директивата на ЕУ. Дел од медиумските организации велат дека со законите се зголемува контрола во медиумскиот простор.

Собранието на вчерашната седница ги донесе законите за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и законот за медиуми по скратена постапка. Измените, како што порача и Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски се во согласност со договорот со Здржението на новинари.
Она што се прави, ќе резултира со зголемена контрола во медиумскиот простор и можности за уште понатамошни влошувања.
Петрит Сарачини, МИМ.

Измените се однесуваат на изоставување на интернет порталите од законите, а печатените медиуми да имаат обврска за објавување на импресум и сопственичка структура, како и да ги заштитат малолетните лица од објавување порнографски содржини и да овозможат транспарентност при работењето.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми вели дека воопшто не била остварена првичната намера, која ја наметнала владата дека сето ова се прави за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да биде усогласен со директива на ЕУ.

„Ако го видиме резултатот ќе видиме дека тоа што ни беше понудено како
Законите такви какви што се, создаваат многу можности за понатамошен притисок врз медиумите во Македонија.
Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми.
предмет, нема врска со реалноста и дека всушност она што се прави, ќе резултира со зголемена контрола во медиумскиот простор и можности за уште понатамошни влошувања“, вели Сарачини.

И претседателот на Центарот за развој на медиуми(ЦРМ) Дејан Георгиевски вели дека остануваат на ставот дека законот за медиуми не бил потребен, а законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги далеку ја надминува неговата основна цел.

„Воспоставува сосема нов концепт на регулација во областа на радиодифузните медиуми и аудиовизуелните услуги. Законите такви какви што се, создаваат многу можности за понатамошен притисок врз медиумите во Македонија. Нам во ЦРМ ни останува да го следиме спроведувањето на законите и да видиме како тоа ќе изгледа во пракса и секако да реагираме на сите забележани злоупотреби и негативни последици по слободата на изразувањето и слободата на медиумите“, вели Георгиевски.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани
Според Сарачини тоа го покажува и фактот што во изборот на членови на Агенцијата за медиуми удел ќе имаат институциите на власта, посредно или непосредно, како и со другите ограничувања со дефиницијата новинар и непропорционалните казни и тежината на прекршоците.

„Очигледно се упатува порака дека некој сака да ги стави под контрола медиумите, тоа се центрите на моќ, за жал најмногу во тоа придонесува власта со овие неконструктивни решенија коишто сепак ете ништо не е конечно и не е финално, не е вечно, па така ќе треба да почекаме некои подобри времиња за таа легислатива повторно да се ревидира и повторно да се донесе на прав колосек.“

Предупредуваме дека неприфатените забелешки на ЗНМ, кои во исто време беа и забелешки на експертите на Советот на Европа и ОБСЕ, сериозно ќе ја нарушат слободата на изразувањето и слободата на медиумите.
ЗНМ
​ЗНМ соопштија дека со измените Владата ги исполнила обврските од согласноста која ја постигнале. Според нив, останува обврската во рок од шест месеци да се изнајде решение со кое ќе се зајакне независноста на јавниот сервис, Македонската Радио Телевизија. Од ЗНМ остануваат на ставот дека нема потреба за закон за медиуми, во услови кога Македонија рапидно паѓа на светските ранг листи по слобода на изразувањето.

„Предупредуваме дека неприфатените забелешки на ЗНМ, кои во исто време беа и забелешки на експертите на Советот на Европа и ОБСЕ, сериозно ќе ја нарушат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. ЗНМ во иднина ќе се залага Владата да ги прифати и останатите забелешки, кои би придонесувале за подобрување на медиумското законодавство“, се вели во соопштението.

Од ЗНМ порачуваат и дека ќе ја следат примената на Законите, посебно на спорните делови, а не ја исклучуваат ни можноста по консултација со правни експерти, дел одредбите да ги оспорат пред Уставниот суд.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG