Достапни линкови

Неделниците со рекапитулар за годинава


Turkmenistan. An old people in the bus. Ashgabat. December 24, 2013.
Turkmenistan. An old people in the bus. Ashgabat. December 24, 2013.

Неделниците ги сумираат резултатите од постигнатото или непостигнатото. Глобус пишува за спасот на земјата, Капитал прашува - дали заслуживме да ни биде подобро, а Република пишува дека ланскиот измет си го чуваме и за в година.

Глобус - За државата што треба да се (до)растури

На крајот на годината, вообичаено, се сумираат резултатите од постигнатото или непостигнатото, па и еден од редовните колумнисти во Глобус пишува „За државата што треба да се (до)растури“. Во преносна смисла, веруваме. Тврди дека битката за спас на Македонија е пред сè културна, а не чисто политичка категорија зашто успехот на власта во деструкцијата на државата се темелеше на успехот тој злосторнички потфат даму се прикаже на народот како културна преродба. И обратно, неуспехот на опозицијата беше резултат на неразбирањето дека политичката битка нема никаква смисла без нагласена важност на културниот формат кон кој таа борба се стреми или од кој произлегува, пишува Глобус.
Битката за спас на Македонија е пред сè културна, а не чисто политичка категорија зашто успехот на власта во деструкцијата на државата се темелеше на успехот тој злосторнички потфат даму се прикаже на народот како културна преродба.
Глобус.

Упатувајќи остри забелешки на работата на опозицијата, авторот вели дека работата не е во тоа „државата да му се врати на народот“, цитирајќи го Заев, притоа, туку во тоа да се растури овој монструм и на негово место да се изгради скромното, но пријатно здание на модерна Македонија! Каде што народот ќе биде ослободен од својата патетична, лажноморализаторска, аутистична, лажновтемелена димензија на своите лажни митови и историски фалсификувани легитимации... како историско подметнување и актуелно политичко труење што,
според колумнистот на Глобус, го умира националниот организам!


Капитал - Дали заслуживме да ни биде подобро?
Секој сам треба да се праша што направил за да му биде подобро, а народот да не чека од политичарите да го сторат тоа, зашто ни тие самите не знаат и лажат веќе дваесет години.
Капитал.

Честитајќи им ја Новата 2014 на читателите, Капитал објавува коментар со наслов - прашање: „Дали заслуживме да ни биде подобро?“, со познатата теза секој сам треба да се праша што направил за да му биде подобро, а народот да не чека од политичарите да го сторат тоа, зашто ни тие самите, како што пишува, „не знаат и лажат веќе дваесет години“. Да знаеја, досега ќе направеа нешто друго, освен што повеќе од 20 години само ветуваат дека еве, само што не ни станало подобро, коментира Капитал.

Република - Ланскиот измет си го чуваме и за в година

И Република прави рекапитулар на годината што полека се ближи до своето завршување, со уводник под наслов: „Ланскиот измет си го чуваме и за в година“. За Република, виновници за оваа, како што пишува, „загубена“ година е политичкото лицемерство на опозициската СДСМ, како автор на инцидентот на 24 декември лани, нејзините закани за бојкот на изборите, потоа бојкот прво на Комисијата за 24 декември, а потоа на спроведување на заклучоците од неа. И, ЕУ и НАТО, чие лицемерство кон македонските граѓани не било ништо помало и годинава, поради конфузните пораки во кои не можат да најдат логика ниту тие што ги пишуваат, смета Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG