Достапни линкови

Контрола врз индустријата за намалување на загадувањето


Дел од јавноста и натаму се сомнева дека најголемото загадување на воздухот доаѓа од големите индустриски загадувачи и оти тие работат ноќе кога струјата е поевтина, но министерот за животна средина Абдулаќим Адеми ги оцени ваквите обвинувања како исполитизирани.

Иако владата лоцираше дека загадувањето на воздухот не е од индустриско потекло, екологистите нагласуваат дека многу е важно органите кои се занимаваат со контролата на загадувањето што го испуштаат фабриките да биде континуирано. Дел од јавноста и натаму се сомнева дека најголемото загадување на воздухот доаѓа од големите индустриски загадувачи и оти тие работат ноќе кога струјата е поевтина, но министерот за животна средина Абдулаќим Адеми ги оцени ваквите обвинувања како исполитизирани.
Треба подолга анализа за да дадеме поточни констатации, меѓутоа тоа што го кажав дека сите имаат влијание може да биде фактор за такви пикови кога ни се појавуваат во различни периоди од денот.
Абдулаќим Адеми, министер за животна средина.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.
Поголемите индустриски капацитети не работат, а и помалите фабрики кои работат со еколошки стандарди во овој период имаат помал обем на работа. Има повеќе фактори и не може да констатираме дека загадувањето доаѓа од индустријата, од домовите поради загревањето во зимскиот период или од сообраќајот и треба да се направи анализа за тоа да се утврди, изјави Адеми во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
Да се преземат почести контроли, инспекции, како најавени, така и ненајавени, затоа што инспекторите може и ненајавени да отидат.
Тања Каракашова, инженер за животна средина.

„Тоа може да се случува од различни фактори, на пример ако е недела навечер може да биде од домаќинствата, може да биде и од сообраќај, затоа што во тој момент може да се враќаат повеќе граѓани кои биле надвор од Скопје. Значи има повеќе фактори и не може да констатираме дека тоа е од индустријата или од домаќинствата или е од сообраќајот. Затоа треба подолга анализа за да дадеме поточни констатации, меѓутоа тоа што го кажав дека сите имаат влијание може да биде фактор за такви пикови кога ни се појавуваат во различни периоди од денот“, вели Адеми.

Во врска со контролите на индустриските капацитети, министерот вели оти тие се редовни. Меѓутоа, екологистите нагласуваат дека многу е важно инспекциите на загадувањето што го испуштаат фабриките да биде континуирано. Сè зависи од типот на индустријата, има денови кога се загадува повеќе или помалку, сè зависи од континуираноста на производството. Кога доаѓаат инспектори да мерат, мисиите не се исти во зависност од тоа дали компанијата работи со полн капацитет или со половина капацитет. Ако има прекини во производството, тука станува збор за различни емисии, вели Тања Каракашова, инженер за животна средина.

„Инспекторите може да отидат во секое време, да побараат документација, да извршат контрола и евентуално мониторинг. Од страна на владата да се преземат почести контроли, инспекции, како најавени, така и ненајавени, затоа што инспекторите може и ненајавени да отидат и да посетат која било инсталација“, вели Каракашова.

Големите загадувачи до април имаат рок да ги прилагодат индустриските капацитети за да го намалат загадувањето, но очекувањата од ова не се преголеми. Деновиве дел од еколошките здруженија изјавија дека не веруваат дека големите загадувачи ќе инвестираат со нивни пари да платат технологија и оти не веруваат дека владата ќе ги затвори, меѓутоа тоа останува да го видиме.

Паралелно со ова имаше одделни барања владата да ги субвенционира индустриските капацитети да може да набават филтри, но Адеми изјави дека тие се приватни компании и дека во изминатите девет години колку што на сила е законот, тие имале доволно време да се подготват за нивното еколошко прилагодување.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG