Достапни линкови

Комуналната инспекција дежурен виновник за нечистотијата


Илустрација.
Илустрација.

Во Куманово има само еден комунален инспектор, еден соработник и тројца комунални редари. Од Секторот за комунален инспекторат сметаат дека се неопходни најмалку осум инспектори.

Во Секторот за комунален инспекторат во Куманово секојдневно има поплаки, претставки и критики на одредени појави предизвикани од однесувањето на некои граѓани во нивната непосредна животна околина. Реакциите и забелешките сепак зависат и од временскиот период, а со сето тоа се справува само еден единствен инспектор и два-тројца соработници.
Најмногу реагираат на одгледување добиток и живина во градската и приградксата средина. Поднесуваат и пријави заради ширење на смрадот во урбаната средина.
Вера Лазаревска, Сектор за комунални работи.

Вера Лазаревска раководител на Секторот вели:

„Најмногу реагираат на одгледување добиток и живина во градската и приградксата средина. Поднесуваат и пријави заради ширење на смрадот во урбаната средина.“

Инспекторите одат на терен, ја утврдуваат фактичката состојба согласно Законот за комунални дејности и Законот за јавна чистота, донесуваат акти со кои им наложуваат на граѓаните да
се корегираат за соседите да можат да живеат во една нормална, чиста и незагадена средина.

„Ова се случува најчесто во летниот период, кога температурите се високи и смрадот е многу посилен.“
Не. Нередовно се изнесува сметот, на пример на нашата улица.
Анкетиран граѓанин.

Кумановци реагираат и за шетање миленичиња без соодветна заштита и физиолошка потреба по тревниците или тротоарите. Лазаревска вели доколку бидат забележани од инспекторите следат казни, но познато е дека тоа се случува во вечерните часови кога инспекторите не се на терен.

Не мал број се и пријавите поради поставување урбана опрема граничници по пешачките патеки, поради што пешаците не можат да се движат. Комуналната инспекција постојано ги отстранува своеволно поставените граничници, освен оние што се поставени од надлежното комунално претпријатие.

„Што се однесува урбаната опрема инспекторите исто така реагираат до сопствениците кои стоката ја изложуваат на јавните површини до самите деловни простории. Им се укажува дека тие се должни да плаќаат комунална такса доколку стоката се изложува во сопствен двор, а доколку пак е изложена и на јавна површина, односно на земјиште сопственост на РМ, тогаш плаќаат и за градежното земјиште.“

Меѓутоа, на повеќе локации во Куманово угостителите поставуваат маси и столчиња по тротоарите, поради што пешаците се принудени да се движат по коловозот. За ова Лазаревска вели дека им се укажува на угостителите да побараат одобрение од Секторот за урбанизам доколку за тоа постојат услови.

Ако во најголемата локална самоуправа во државава има само еден комунален инспектор, еден соработник и тројца комунални редари, може ли да се очекува соодветно завршување на работите од овој тип. Лазаревска смета дека се неопходни најмалку осум инспектори. Таа додава дека и покрај тоа максимално настојува да се завршат работите.

„Ги ангажирам и инспекторот по домување и тројца градежни извршители доколку немаат работа во својот домен.“

Иако Лазаревска тврди дека секоја пријава мора да се процесуира и ниту една не останува стуткана во фиока, граѓаните не мислат така. Тие често пати коментираат дека кај нас секогаш има ургенции и тоа од сите видови. Но, додека тие фрлаат дрвја и камења по инспекцијата и не штедат критики, од неколкумината запрашани се добива впечаток дека во глобала и не се многу засегнати за тоа како и колку работи комуналната инспекција.

РСЕ: Дали мислите дека комуналната инспекција си ја завршува работата како што треба?

„Мислам дека донекаде да, ама да погледаш Средорек-ужас. Центарот некако е добро.

„Не. Нередовно се изнесува сметот, на пример на нашата улица.“

„ Добро е, иде по улица колку што јас гледам, задоволен сум, за сега.

„ Не знаеме. Не не интересира.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG