Достапни линкови

Прва официјална промоција на македонскиот рубин


„Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ е насловена изложбата што овој петок, во 18 часот, ќе биде отворена во „Порта Македонија“. Автор на проектот е Деан Шкартов кој полни 11 години се занимава со промоција на природните кристали, минерали и скапоцени камења, а ќе бидат претставени 16 експонати и реплики изработени од овој скапоцен камен.

Преспав во Лабораторија како мумија на четири споени столчиња. Сабајле одам на пазарче по бурек, луѓето полуразбудени ги отвораат тезгите, девојчето разнесува кафиња...а јас се чувствував исто толку возбуден како на времето кога со Брацо и со Картер кркавме пецива и јогурт откако го завршивме мастеризирањето на албумот на нашиот бенд АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ.
Вака Деан Шкартов – Деко, панкерот од БАДМИНГТОНС и момчето со широка насмевка зад клавијатурите во КЛЕРЖО, ќе ја почне приказната во пресрет на отворањето на изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ со која ќе се обистини првата официјална промоција на овој скапоцен камен, проект на кој од поодамна му се предал со сета своја рокерска и животна енергија.

На оваа дводневна постановка во „Порта Македонија“, во 16 кристални витрини, ќе бидат претставени исто толку ексклузивни експонати на накит и предмети со македонски рубин во масивно злато, златен филигран, масивно сребро и сребрен филигран.
Значи македонскиот рубин е изложен заедно со рубините од Бурма, Шри Ланка, Пакистан, од Африка ...што е еден многу, многу значаен податок .
Деан Шкартов – Деко, уметник.

„Ова е момент на промовирање на новиот македонски препознатлив производ. Заради тоа добива и историски карактер оти една земја најважно е да ја развива својата ендемска економија и сите ресурси за промовирање и добросостојба на населението и сега доколку се откријат потенцијали од локален карактер тогаш задача на нас луѓето е за нив да се грижиме, да ги менаџираме, да ги заштитуваме и да ги
Деан Шкартов, колекционер на природни камења.
Деан Шкартов, колекционер на природни камења.
стопанисуваме“, потенцира Шкартов.

Тој дополнува дека проучувањето на природните кристали, минерали и скапоцени камења, нему лично комплетно му го променило животот уште пред 20-тина години.

За него како биолог, агроном, камењата биле нешто тврдо, ладно, статично и многу различно од живата природа, за да потем полека навлегувајќи во тој фасцинантен свет дојде до констатација дека тие можат да бидат мошне инспиративни за луѓето. Притоа малкумина го делеле неговото воодушевување, но тој решил тврдоглаво да ја продолжи потрагата.

„Најдовме податок во литературата каде што Македонија е опишана како најважното лежиште на рубини за Европа. Бидејќи во Европа рубини нема, кога ја опремивме лабораторијата замислете го откривме во лондонскиот Природно-научен музеј во постојаната збирка на рубини и сафири од целиот свет. Значи македонскиот рубин е изложен заедно со рубините од Бурма, Шри Ланка, Пакистан, од Африка ...што е еден многу, многу значаен податок за кој ете, како и за многу други работи, сме немале поим.“

Шкартов истакнува дека откако го конфигурале алатот, првиот македонски рубин го изложиле на пролетниот Саем за ракотворви одржан 2006 година во Скопје и за него добиле награда за најдобар производ. Нецели седум години подоцна, откако патем увиделе дека и во земјава постои потенцијал за обработка на скапоцени камења од локално потекло (нешто на што многу држави во светот го темелат својот имиџ – австралискиот опал, чешкиот гранит, кинескиот жад, балтичкиот килибар...) тие сега со гордост можат да кажат дека од нивните вешти раце излегле уникатни продукти кои им биле подарувани на бројни славни личности од светот како Папата Бенедикт 16, Дерил Хана, Кетрин Денев, Изабел Ипер, Паола Мореленбаум...и други.

Затоа и на изложбата ќе бидат претставени и реплики на цветот кој сега е сопственост на принцезата Рани од Пакистан, медаљонот кој завршил кај Емирот од Катар во 2012 година, како и првиот прстен во комбинација на злато и сребро кој бил изработен на самите почетоци од промоцијата на македонскиот рубин.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG