Пренесувајќи ги коментарите по текстот „Со странски пасоши до подобар живот?“ на колешката Марија Митевска може повторно некој ќе нè обвини дека правиме некаква пропаганда или антипропаганда, но тоа ни е реалноста, а коментарите ги пишуваат граѓани кои на своја кожа го осетиле немањето работа - и леб.
Лазе од Минхен, Германија, смета дека бугарскиот пасош му е најдобрата инвестиција во животот. „Поважен од дипломата од УКИМ. Во Германија се работи понапорно, но се живее подостоинствено“, пишува Лазе и за жал, вели дека и министерско место да му понудат, во Македонија не се враќа. Посетител на нашата веб-страница потпишан со Филм од Струмица, меѓутоа, вели дека бил 3 години во Италија, но дека за 80 % од тие што се надвор имало работа и дома, само да се имало желба и дека и тој имал бугарски пасош. Некој потпишан со Шоп од Италија пишува дека не се враќа ни по 50 години.
„Имам бугарски пасош и тој ме спаси од пропаст. И како што одат работите, во Македонија ќе останат само спомениците на
Грујче и пензионерите, а изгледа тоа е и целта на фамилијата и така ќе владее вечно, зашто ќе нема кој да им конкурира!“, пишува Шоп од Италија.
Пуштањето на новинарот Кежаровски од 6-месечниот во домашен притвор не помина без реакции од вас, почитувани. Незабеган забележува дека „Гвујо ги менува новинарите како во хокеј: Кежаровски излези, Божиновски влези!“ А Перо прашува дали ќе бидат уапсени инспекторите од нашата „независна“ полиција по налог на „независниот“ јавен обвинител, кои извршиле притисок врз заштитен сведок. „Сведоци сме дека сакаат да го цензурираат и интернетот/порталите, затоа во овие битки за слобода на говорот мора да учествуваме сите ние, не само новинарите“, пишува Перо од Скопје.
Кога сме кај судството, има опширни коментари по текстот „Од неефикасно судството стана и непрофесионално и селективно“, од редовните Незабеган, Пиле, Перо... кои можат да се сведат на заедничкиот именител дека судството ни е партизирано, како и МВР, и дека Владата дури враќа повторно некои закони на Уставен суд, сега и тој наполнет со партиски судии, кои од претходниот состав на Уставен биле прогласени за неуставни и дека вагата на божицата на правдата Јустиција натежнала на десно.
За случувањата во Битолската болница подолго се пишува, а Боре, битолчанец, коментира: „Срамота е што директорот сè уште не е сменет. Министерот упорно го штити неговото непрофесионално работење, а замислете, кривично ќе одговара болничарот што некој му спакувал инфузија, а директорот мува не го лази“, пишува битолчанецот Боре.
Бугарскиот пасош ме е најдобрата инвестиција во животот. Поважен од дипломата од УКИМ. Во Германија се работи понапорно, но се живее подостоинствено.Коментар на читател.
Лазе од Минхен, Германија, смета дека бугарскиот пасош му е најдобрата инвестиција во животот. „Поважен од дипломата од УКИМ. Во Германија се работи понапорно, но се живее подостоинствено“, пишува Лазе и за жал, вели дека и министерско место да му понудат, во Македонија не се враќа. Посетител на нашата веб-страница потпишан со Филм од Струмица, меѓутоа, вели дека бил 3 години во Италија, но дека за 80 % од тие што се надвор имало работа и дома, само да се имало желба и дека и тој имал бугарски пасош. Некој потпишан со Шоп од Италија пишува дека не се враќа ни по 50 години.
„Имам бугарски пасош и тој ме спаси од пропаст. И како што одат работите, во Македонија ќе останат само спомениците на
Сведоци сме дека сакаат да го цензурираат и интернетот/порталите, затоа во овие битки за слобода на говорот мора да учествуваме сите ние, не само новинарите.Коментар на читател.