Достапни линкови

Приватна или државна работа, прашање е сега


Привата или државна фирма, дома или во странство. Младите по завршувањето на образованието се исправени пред многу дилеми.

Не секој млад човек во земјава сака да отвори приватен бизнис во Македонија. Повеќето од младите кои ги прашавме велат дека би било убаво да се вработат во државна фирма, но има и такви кои велат дека би се обиделе доколку имаат добар бизнис план, ако се упорни и ако силно веруваат дека нивниот сон може да стане реалност.
Би отворила сопствен бизнис, повеќе можеш да заработиш отколку во државна администрација.
Анкетиран граѓанин.

„Би отворила сопствен бизнис, повеќе можеш да заработиш отколку во државна администрација.“

„Да би се обидел доколку би имал добар бизнис план и доколку мислам дека тоа би било успешно.“

„Доколку сакам нешто да направа, би го направил, би разлика на тоа какви се условите во државата.“

„Најубаво е приватна фирма, да не зависиш од никого.“

Дел од анкетираните ги потврдуваат податоците на истражувањата на коалицијата Сега, според кои 28 проценти од невработениуте млади луѓе во земјата сонуваат да работат во државната администрација. Тие велат дека таму е поубаво затоа што се има сигурна плата, а помалку работни часови отколку во приватните фирми.
Хајд Парк - Бизнис, администрација или странство?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00
Директен линк

Ако немаш добра работа, нормало е да си одиш, а добра работа е во пет фирми во Македонија.
Анкетиран граѓанин.
„Во државна администрација.“

„Јас сум студент и сакам да бидам наставник, во администрација да, во приватните повеќе бараат и има помалку пари.“


Но, ако младите ги прашате што би одбрале ако имаат можност да одберат вработување дома или перспектива во странство, ќе добиете поделени мислења.
Некои без размислување одговорија дека веднаш би заминале, зошто според нив стандардот и можностите кои ги нудат европските земји се многу подобри од Македонија.

„Ако немаш добра работа, нормало е да си одиш, а добра работа е во пет фирми во Македонија.“

„Лоши услови за работа, лоши финансиски услови, затоа што ништо не функционира.“

„Во странство затоа што има подобри услови за живот.“

Други пак велат дека најубаво си се чувствуваат во својата земја. Дома, покрај родителите и пријателите велат е најубаво. Пред да се исцрпат сите можности дома, не размислувам да заминам во странство, односно тоа би било последното решение, вели една млада девојка.

„Тука би останала, ни би можела да отидам надвор, тука ми е семејството, пријателите, роднините, одењето надвор би било крајно решение. И досега сум имала можности, но останав тука поради факултетот и да видам што после тоа.“

Истражувањата на невладината Сега покажале дека голем процент од младите, односно 39 насто не веруваат дека може да се вработат ако не се членови на одредена политичка партија, а 28 отсто од истите не веруваат дека можат да дпојдат до работа ако немаат роднински или пријателски врски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG