Достапни линкови

Помалку невработени ама повеќе иселени


Илустрација.
Илустрација.

Бројот на невработени во Македонија континуирано се намалува, но бројот на работни места стагнира. Администрацијата не може да ги прими сите.

Невработеноста од 2006 година до денес од 38 проценти е намалена на 28,8 отсто, според Државниот завод за статистика. Но, податоците кои изостануваат е каде се вработиле тие лица, велат експертите. Според нив, едно нешто е јасно - не може да се трупаат нови вработени во администрацијата, како што беше последниот случај со 1600 вработувања преку компјутерски избор, кои ќе бидат на товар на буџетот.
Прашањето е колку имаме реално нови инвестиции и реално ново создадени работни места. Јасно е дека од друга страна можностите на владата за прием на невработените во администрацијата се прилично ограничени. Обидот на владата со вработувањето на социјалците или лицата кои многу долго чекаат за работа, значи само еден мал обид колку да се гаси еден пожар. Тоа на долг рок секако дека не може да биде пракса, затоа што сме сведоци дека де факто администрацијата е оптоварена. Тоа исто така го прави буџетот на државата нееластичен за да се применува како инструмент на економската политика, кога најголемиот дел од буџетот се троши за плати.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Професорот Зоран Ивановски вели дека и натаму за македонската економија останува круцијален проблемот со невработеноста. Според него, на негово решавање треба да бидат фокусирани владата, надлежните институции и оние кои можат да влијаат на подобрување на бизнис опкружувањето со цел да имаме реални инвестиции кои единствено создаваат нови работни места.
Илустрација.
Илустрација.

„Прашањето е колку имаме реално нови инвестиции и реално ново создадени работни места. Јасно е дека од друга страна можностите на владата за прием на невработените во администрацијата се прилично ограничени. Обидот на владата со вработувањето на социјалците или лицата кои многу долго чекаат за работа, значи само еден мал обид колку да се гаси еден пожар. Тоа на долг рок секако дека не може да биде пракса, затоа што сме сведоци дека де факто администрацијата е оптоварена. Тоа исто така го прави буџетот на државата нееластичен за да се применува како инструмент на економската политика, кога најголемиот дел од буџетот се троши за плати“, вели Ивановски.

Артан Садику од Левичарското движење Солидарност вели дека со промената на законот се отежна пререгистрацијата на невработени лица, а на Агенцијата за вработување и се олесни бришењето на луѓето и на тој начин вештачки се покажува константно намалување на процентот.

„Тоа што е најголемиот парадокс е тоа што од една страна бројката на невработени константно се намалува, а од друга страна немаме зголемување на бројот на вработени. На пример, Агенцијата излезе со бројка од 91 илјада намалена невработеност во Македонија, но во секоја нормална држава таквата агенција истовремено би требало и да објави кои се тие нови работни места кај нас“, вели Садику,

Според Ивановски, прашање е и колку млади и невработени ја напуштиле земјата и со тоа е намалена бројката.

„Постојат информации дека добар дел од граѓаните на Република Македонија својата среќа и работен ангажман ги бараат надвор од границите, значи дали тие податоци можеме да ги имаме врз основа на кои можеме да кажеме дали македонската економија реално создава или имаме одлив на кадри и по тоа прашање“, вели Ивановски.

Премиерот Никола Груевски изјави дека има сериозно намалување на невработеноста во тежок период за време на светската економска криза и дека сите мерки на владата се насочени кон нови вработувања. Според статистика, бројката на активно население во Македонија е 952.327 лица, од кои 273.860 се без работа.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG