Достапни линкови

Зошто лиценци за воспитувачи кога имаат диплома?


Илустрација: Градинка во Битола.
Илустрација: Градинка во Битола.

Деградирачко и непотребно е полагањето за лиценци на воспитувачите и негувателките, бидејќи тие имаат соодветно образование за работното место, велат експертите.

Деградирачко и непотребно е полагањето за лиценци на воспитувачите, негувателките и стручните работници, велат експертите, бидејќи тие имаат соодветно образование за работното место. Незадоволството од новите промени, вработените во Детските градинки ширум земјава го изразија и со писмо до Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во кое појаснуваат дека немаат ништо против Законот за лиценцирање, туку не го одобруваат начинот на неговото спроведување.
Ако си доктор на науки, ако имаш два факултети, ако имаш факултет за воспитувач, ти треба да добиеш лиценца, а имам плус и 30 години работен стаж во воспитување на образување на деца.
Томислав Таневски, доктор по музички науки и дипломиран професор по предучилишно воспитание.

Во писмото како за пример е посочен Томислав Таневски, кој е доктор по музички науки и дипломиран професор по предучилишно воспитание. Во писмото го прашуваат министерот дали Таневски или другите вработени со искуство и разни сертификати од семинари и обуки треба да се докажуваат. Таневски вели дека иако промените не го засегаат неговото моментално работно место во Детскиот културен центар во Карпош, тој се солидаризира со колегите.

Зошто дипломата на тие високошколски институции се обезвреднува и во тој поглед се потценува на ниво на една лиценца која јас ја сметам за административна лиценца.
Никола Петров, универзитетски професор.
„Тоа е една солидарност, бидејќи еве јас сум завршил два факултети и доктор на науки сум и сега, да речеме, не ми се допаѓа работното место или ми е мала платата и можеби ќе најдам работа како воспитувач затоа што за тоа сум обучен и сега ќе ми речат, ако си доктор на науки, ако имаш два факултети, ако имаш факултет за воспитувач, ти треба да добиеш лиценца, а имам плус и 30 години работен стаж во воспитување на образување на деца“, вели тој.

Таневски порачува дека не се противат на лиценците, но вработените кои веќе имаат искуство треба да ги добијат без полагање.

„Нека стои лиценца, како што сакаат да ја дадат, меѓутоа тоа нека биде барем за тие што треба да се вработуваат, што ќе треба наместо приправнички стаж да полагаат нека полагаат за лиценца или оние што сакаат да работат дома, за домашно чување деца итн.“, вели Таневски.

Професор Никола Петров вели дека воопшто не се согласува со идејата за воведување лиценци.

„Зошто дипломата на тие високошколски институции се обезвреднува и во тој поглед се потценува на ниво на една лиценца која јас ја сметам за административна лиценца“, вели тој.

Според Петров, само ако им се обезбедат поволни услови, вработените во образовниот процес ќе бидат партнери со децата и учениците и тогаш ќе дојде до израз креативното и продуктивното сознавање. На сајтот на Министерството за труд и социјална политика веќе има известување дека полагањето на испитите за стекнување на лиценци ќе одржи по региони во овој и наредниот месец.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG