Достапни линкови

Потребно реновирање на градинките во Струга


Потребно е реновирање на градинките во Струга. Потребна е промена на кровот на објектот „Сонце“, промена на вратите и прозорците, разубавување на објектите, вели директорката Зулал Реџепоска.

Покривот на објектот Сонце на Детската градинка во Струга е азбестен, материјал кој е штетен по здравјето на луѓето. Во градинката учат повеќе од 150 деца, вели директорката на градинката Зулал Реџепоска.Таа вели дека дополнителен проблем е што покривот прокапува на повеќе места, па затоа е неоходно негово најитно менување.
Во оваа градинка имаме голема потреба од менување на кровот кој е долгогодишен проблем. Тој прокапува и е азбестен. Во другата градинка го сменија покривот, дограмата и во двете градинки е стара, дува од сите страни во зимскиот период. Очекуваме и тоа прашање да се реши. Инвентарот е застарен, па затоа би сакале и тука да покажат разбирање. Најголем проблем е азбестниот покрив, сите знаеме дека е штетен по здравјето на луѓето.
Зулал Реџепоска, директорка на градинката во Струга.

„Во оваа градинка имаме голема потреба од менување на кровот кој е долгогодишен проблем. Тој прокапува и е азбестен. Во другата градинка го сменија покривот, дограмата и во двете градинки е стара, дува од сите страни во зимскиот период. Очекуваме и тоа прашање да се реши. Инвентарот е застарен, па затоа би сакале и тука да покажат разбирање. Најголем проблем е азбестниот покрив, сите знаеме дека е штетен по здравјето на луѓето“, вели Реџепоска.

Реџепоска вели дека се случува повремено и водата во градинката да е заматена.

„Се случува водата да е загадена, но се трудиме кога е загадена да ги заштитиме децата и им вариме чај. И во тој период се трудиме дечињата да ги заштитиме,“ вели Реџепоска.

И родителите се на мислење дека треба да се инвестира во реновирање на детските градинки во Струга. На иницијатува на персоналот во градинките и на родителите е покрената акција за разубавување на градинката.

„Јас сум лекар, азбестот има канцерогено својство и не е здраво за децата. Ако имаат намера да направат нешто тоа треба да биде прво. Цела зграда треба да ја реновираат, условите треба да се подобрат. Многу е важно да се смени покривот,“ вели Јетмир Зиба, родител.

„Тоа е проблем на државата. Не е проблем ние како родители нешто да помогнеме.Сега има една акција за реновирање на делови во градинаката, бидјеки објектот е многу стар и тоа може да се направи само со помош на општината и државата.Имаме акција да се префарбаат зидовите и да се разбие монотонијата на децата“, вели Јован Трпеноски, родител.

Двата објекти на Детската градинка во Струга се отворени на почетокот на 70-те години на минатиот век
XS
SM
MD
LG