Достапни линкови

„Поезијата на секојдневието“ на Дејан Колевски во Мала станица


„Поезијата на секојдневието“ изложба на фотографии на Дејан Колевски.
„Поезијата на секојдневието“ изложба на фотографии на Дејан Колевски.

Педесеттина фотографии изработени во црно-бела техника се претставени на изложбата „Поезијата на секојдневието“ на Дејан Колевски што, од 1 до 14 ноември, се одржува во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар „Мала станица“ во Скопје. Фотографиите се снимени на различни географски меридијани и во концептуалната рамка исполнета со светлини и сенки централното место му е отстапено на човекот.

„Поезија на секојдневието“ е насловена фото-изложбата на Дејан Колевски на која авторот на публиката и нуди педесеттина дела изработени во црно-бела техника кои, како што самиот забележува, му припаѓаат на жанрот „улична фотографија“. Во нив централното место го завзема човекот прикажан во урбаната средина.

„Се работи за изложба на фотографии кои припаѓаат на жанрот улична фотографија. Фотографиите се правени на различни меридијани и во нив се потрудив да доловам моменти од секојдневието покрај кои што често пати минуваме, можеби понекогаш ги забележуваме, а понекогаш не, но јас се надевам дека успеав да ги фатам во објективот и да ги преточам во една фото-приказна. “
Фотографиите се правени на различни меридијани и во нив се потрудив да доловам моменти од секојдневието.
Дејан Колевски, фотограф.

Авторот дополнува дека целта му била тие моменти да бидат убави и тие да зрачат позитивна енергија.

„Ние во секојдневието сме бомбардирани со мноштво од фотографии. Особено со развојот на дигиталната технологија се повеќе гледаме некакви сензационалистички фотографии, преобработени фотографии, па затоа јас се обидов да понудам моменти кои што се обичниот живот, кои што можеби не прикажуваат ништо спектакуларно меѓутоа кога сите заедно кога ќе се погледаат
имаат една убава позитивна нишка.“

Роден на 13 јули 1975 година во Скопје, Колевски дипломирал на Електротехничкиот факултет а со фотографијата се занимава повеќе од деценија и половина. Тој е активен член на Фото сојузот на Македонија, а неговите фотографии
Барем кај нас, сметам дека фотографијата е многу малку застапена и по музеите, па дури и во дневниот печат. Мислам дека има простор за многу повеќе фотографија.
Дејан Колевски, фотограф.
се изложувани и наградувани на повеќе државни и меѓународни изложби.

Во своето портфолио Колевски поседува уметнички фотографии изработени во колор и црно-бела техника кои тематски припаѓаат на повеќе жанрови.

„Има една поговорка, не се сеќавам кој ја има кажано, дека живееме во светот на боите но дека црно-белото е сепак пореално. Затоа се потрудив овие фотографии да бидат реални без некоја доза на силна обработка и затоа мислев дека токму таа црно бела
фотографија повеќе ќе одговара на овој циклус што сега и го прикажувам на публиката.“

Авторот се надева дека во перидов што следува ќе добие некоја покана од културните институции во земјава својата актуелна поставка да им ја претстави и на тамошните вљубениците, а дополнува дека би било убаво кога во музеите и во медиумите би имало многу повеќе простор за уметничката фотографија.

„Денес е многу лесно да се направи фотографија и добро е тоа што многу луѓе се занимаваат со фотографија. Меѓутоа, барем кај нас, сметам дека фотографијата е многу малку застапена и по музеите, па дури и во дневниот печат. Мислам дека има простор за многу повеќе фотографија и што е поважно од сẻ за она што се нарекува уметничка фотографија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG