Достапни линкови

Колку трошат задолжените за инвестиции?


Владина делегација на поставување на камен-темелник на Текно-Хозе.
Владина делегација на поставување на камен-темелник на Текно-Хозе.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз годинава ќе потроши околу 900 илјади евра за плати на 54 вработени, што значи дека основицата на платата по вработен во просек е околу 85 илјади денари, односно околу 1400 евра.

Тројца министри задолжени за странски инвестиции, Агенција за странски инвестиции, Дирекција за развојни зони, триесетина промотори во странство, десетици роуд шоуа, реклами по светски медиуми, потрошени милиони евра, а инвестициите само што не стигнале.
Задоволни сме што и оваа година за седум месеци имаме над 130 милиони евра странски инвестиции, што е повеќе отколку целата мината година, но и кумулативно, бидејќи привлекувањето странски инвестиции е процес и треба да го гледаме во временски период од четири-пет години. За илустрација, од јули 2006 година заклучно со јули годинава во Македонија се влезени вкупно една милијарда и 800 милиони евра странски инвестиции, што е за цела милијарда повеќе отколку во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги креираше економските политики.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Веле Самак, Бил Павлевски, Џери Наумоф, министри без ресор, задолжени за привлекување странски инвестиции, добиваат министерски плати од околу 1100 евра.

Во буџетот на македонската влада, во која има вработено тројца министри задолжени за привлекување странски инвестиции, е предвидено да се потрошат повеќе од 582 милиони денари на економска промоција и скоро 58 милиони денари на привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона. Тоа значи дека ќе се потрошат скоро 9,5 милиони евра за економска промоција и 940 илјади евра за привлекување странски инвестиции и развој на слободната економска зона.

Висар Фида, пак, е директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извоз. Буџетот на оваа институција за годинава е 461 милиони денари или 6,76 милиони евра. Има 54 вработени, и според податоците од буџетот за 2013, на плати ќе потрошат околу 900 илјади евра што значи дека просечната плата на вработените во оваа институција е околу 85 илјади денари, односно основицата на платата им е околу 1400 евра. Просечната плата во оваа институција е толку висока затоа
Министерите Љупчо Димовски и Зоран Ставрески и Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, присуствуваа на првиот ден од рестартирањето на агрокомбинат Џумајлија кој го купи индискиот бизнисмен Субарата Рој.
Министерите Љупчо Димовски и Зоран Ставрески и Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, присуствуваа на првиот ден од рестартирањето на агрокомбинат Џумајлија кој го купи индискиот бизнисмен Субарата Рој.
што во оваа агенција има 27 странски промотори, со плата од околу 2000 евра и платено сместување за нив и за семејството.
Владата троши огромни средства за тоа, самото тоа трошење не е како износ спорно, спорен е износот на инвестиции што го ефектуира. Тука Владата прави фактички загуба.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на чие чело е Виктор Мизо има буџет од 525 милиони денари или 8,5 милиони евра. Агенцијата има 45 вработени. Во буџетот за оваа година е предвидено Агенцијата за плати да потроши околу 14 милиони денари, односно околу 230 илјади евра или просечно еден вработен добива плата од околу 430 евра.

Кога ќе се собере сè, излегува дека државава годинава троши речиси 26 милиони евра за привлекување странски инвестиции и економска промоција.

Во првите шест месеци годинава, во земјава се влезени 130,5 милиони евра странски инвестиции, според податоците на Народна банка. На почетокот на месецов, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески рече дека владините политики за привлекување на инвестициите даваат резултати.
Македонска делегација во посета на Кина, за привлекување странски инвестиции.
Македонска делегација во посета на Кина, за привлекување странски инвестиции.

„Задоволни сме што и оваа година за седум месеци имаме над 130 милиони евра странски инвестиции, што е повеќе отколку целата мината година, но и кумулативно, бидејќи привлекувањето странски инвестиции е процес и треба да го гледаме во временски период од четири-пет години. За илустрација, од јули 2006 година заклучно со јули годинава во Македонија се влезени
Тоа се апсолутно лаги, затоа што инвестициите статистички ги нема никаде. Нека кажат досега колку луѓе се вработени во капацитети од странски инвеститори, нека кажат податок, ништо нема, се научиле да лажат и ќе лажат додека народот ги гласа.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
вкупно една милијарда и 800 милиони евра странски инвестиции, што е за цела милијарда повеќе отколку во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги креираше економските политики“, рече Ставрески.

И годинава продолжија владините роуд шоуа и ловот на инвестиции, од Кина до Америка, од Бразил до Азербејџан, па и во Естонија, меѓу другите.

Премиерот во својот долг говор пред бизнисмените пред речиси еден месец рече дека до крајот на годината ќе продолжат со засилено темпо владините роуд-шоуа за привлекување странски инвестиции и дека економијата ќе биде во фокусот на вниманието во наредните активности на Владата. Тој најави дека уште повеќе ќе го
Втор Глобален инвестициски самит.
Втор Глобален инвестициски самит.
ангажира својот тим за привлекување инвестиции, дека ќе продолжи светското презентирање на Македонија и ќе се зголеми бројот на промоторите на 30, притоа не прецизирајќи колку сето тоа ќе чини.

Во опозицијата, пак, велат дека трошоците што владата ги прави за роуд шоуа се бадијала.

„Владата троши огромни средства за тоа, самото тоа трошење не е како износ спорно, спорен е износот на инвестиции што го ефектуира. Тука Владата прави фактички загуба“, вели потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Но и покрај сè, неодамнешниот извештај на ОН покажа дека Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот. На прво место во регионот е Хрватска каде во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари, а на последно е Македонија во која истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека главната цел на целата приказна за странските инвестиции е политички маркетинг, затоа што резултатите се многу помали од вревата што се прави.

„Тоа се апсолутно лаги, затоа што инвестициите статистички ги нема никаде. Нека кажат досега колку луѓе се вработени во капацитети од странски инвеститори, нека кажат податок, ништо нема, се научиле да лажат и ќе лажат додека народот ги гласа“, вели Харедини.

За годинава, според Манифестот на владејачката партија се очекуваат инвестиции во вредност од 400-500 милиони евра.

Износот од 105 милиони евра странски инвестиции во 2012 е најслаб од 2005 година кога имало 77,2 милиони евра. Според податоците на централната банка, 2011 завршила со странски инвестиции од 337 милиони евра, во 2010 тие биле 160 милиони, а во 2009 изнесувале 145 милиони евра. Во 2008 година инвестициите тежеле 400 милиони евра, во 2007 - 506 милиони евра, а во 2006 година - 345 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG