Достапни линкови

Деветти фестивал на новиот германски филм


Со прикажувањето на комедијата „Претежно ведро“ на Марко Петри, в четврток од 20 часот, во кино „Милениум“, ќе започне 9. Фестивал на новиот германски филм. На манифестацијата, чие мото е „Го љубам филмот!“, до 16 октомври, во девет града низ Македонија ќе бидат прикажани 14 остварувања кои го отсликуваат реалниот моментум, бескомпромисноста и длабочината на германската кинематографија.

Драмата „Невидливата“ на Кристијан Швохов, детскиот „Јоко“ на Франциска Бух, комедијата „Руско диско“ на Оливер Цигенбал, многупати наградуваниот „Ох момче“ на Јан Оле Герстер, документарецот „Мојот пат до Олимпијадата“ на Нико Фон Глазов се само некои од 14 филмски остварувања што ќе бидат прикажани на годинешното деветто по ред издание на Фестивалот на новиот германски филм.
Овде не станува збор за блокбастери на кои не навикнала американската продукција туку станува збор за филмови кои што се прикажани и кои што се гледани во германските кина. Изборот го чинат дела од различни жанрови и за сите генерации – комедии, драми, трагедии, филмови за деца, документарци, екранизации.
Хелга Тајпел, аташе за култура во Германската амбасада.

Манифестацијата чие мото е „Го љубам филмот“ ќе се одвива од 10 до 16 октомври и ќе опфати девет македонски градови. Сем во скопските кина „Милениум“ и „Фросина“, проекциите ќе се одржуваат во Велес, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и по прв пат годинава во Куманово.

„Овде не станува збор за блокбастери на кои не навикнала американската продукција туку станува збор за филмови кои што се прикажани и кои што се гледани во германските кина. Изборот го чинат дела од различни жанрови и за сите генерации – комедии, драми, трагедии, филмови за деца, документарци, екранизации“, вели Хелга Тајпел, аташе за култура во Германската амбасада, која заедно со ПроКредит банка го организираат овој фестивал.
Во првите години беше многу неочекувано луѓето да искажат интерес не само за европски филм туку посебно токму за германски филм. Оти некако германскиот филм потсетува на црно-бели филмови, теми кои што можеби не се толку весели, меѓутоа од тогаш па сè до сега се почувствува дека новиот германски филм кај публиката воведе една нова свежина, а и дополнително филмовите многу повеќе кореспондираат со европскиот реализам.
Билјана Северинова, директор на маркетинг во ПроКредит банка.

Гунруд Штајнакер, германската амбасадорка во Република Македонија, во каталогот за случувањето ќе забележи дека со Фестивалот тие сакаат да дадат свој придонес во развивањето на кино-културата и уште повеќе да го зајакнат германско-македонското пријателство. Тој потенцира дека им се радува на грижливо одбраните филмски остварувања и на разновидниот пресек на најновите продукции на германските кинематографери кои сакаат несебично да ги споделат со верната публика.

Инаку, Фестивалот на германски филм во Македонија през годините израсна во манифестација која се труди и успева на својата програма да донесе прогресивни, модерни и актуелни филмови од една од водечките кинематографии во Европа. Притоа, во нив е отсликан реализмот, но и можното и претпоставеното. Германските филмови понираат длабоко, нудат бескомпромисно соочување и зафаќаат многу слоеви во приближувањето до суштината. На платното, впрочем како и во животот, овие дела не потсетуваат дека „не е сè розово, но и не е сè бесполезно, дека најдобро изживеан живот свесниот, будниот, соочениот, бидејќи на крајот секогаш доаѓа сметката“.

Од таму, сосема разбирлив е и интересот на публиката и филмофилите за случувањето, та затоа не чуди кога Билјана Северинова, директор на секторот за маркетинг во ПроКредит банка, ќе потенцира дека нив како ко-организатори ги радува се поголемата заинтересираност на македонските граѓани за манифестацијата.

„Во првите години беше многу неочекувано луѓето да искажат интерес не само за европски филм туку посебно токму за германски филм. Оти некако германскиот филм потсетува на црно-бели филмови, теми кои што можеби не се толку весели, меѓутоа од тогаш па сè до сега се почувствува дека новиот германски филм кај публиката воведе една нова свежина, а и дополнително филмовите многу повеќе кореспондираат со европскиот реализам“, вели Северинова.

Наспроти веќе востановената практика, годинава на фестивалот нема да има специјални гости кои би и дале и поинаков шмек на манифестацијата, но за следното јубилејно 10 издание организаторите најавуваат не само дополнување на листата на градови во кои ќе се одвиваат проекциите, туку и работилници и паралелна ревијална програма од веќе прикажуваните дела и одбир кој би бил значаен пресек на Новиот германски филм. Притоа не е исклучено во Македонија по тој повод да видиме и еминентни имиња од таа сфера кои би оствариле комуникација со овдешната кино-публика.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG