Се чини се остварува она што го знаат сите што малку се разбираат од надворешна политика: и да се реши проблемот со Грција за името, Бугарија ќе биде вториот кочничар за нашите евроинтеграции.
Дневник ја пренесува веста од Брисел дека по средбата на Филе со шефот на бугарската дипломатија, Вигенин, се искристализирал ставот дека: „Софија не дава преговори со ЕУ без Договор за добрососедство“. И Вечер го објавува речиси истиот наслов.
Дневник информира и за: „Негирање на Македонците - Пир на албански и на бугарски историчари во Струга“, по повод стогодишнината од Охридско-дебарското востание против српското владеење во Македонија по Балканските војни, каде што не биле поканети македонски историчари и каде станало кавга дали востанието било бугарско-албанско или само албанско(?!)
Инаку во врска со името, Утрински ја повторува перцепцијата дека постојат „Различни диоптрии за името - Наспроти изјавата на Груевски дека нема заинтересираност од грчка страна, ДУИ зборува за напредок во преговорите“.
Инаку, и Дневник и Утрински, како и Нова Македонија, ја проследија веста дека „Се финализира новата партиска програма на СДСМ - Партијата ќе ја враќа средната класа“. Нова Македонија пишува дека „Само 20 отсто од Македонците се средна класа“, пренесувајќи мислења на познавачи на состојбите дека средната класа се претопува во ниска, затоа што населението сè повеќе осиромашува.
Инаку, во новиот буџет не се предвидени средства за попис, па печатените медиуми ги интересира: „Дали Владата се плаши од резултатите што ќе ги добие зашто пребројувањето би покажало дали Избирачкиот список е реален, колку жители се иселени, колкава е сиромаштијата, колку се Албанци во земјава“, пишува Утрински. И Нова Македонија на слична линија: „Страв дека ќе се повторат меѓуетничките тензии и страв дека има вистина во податоците дека во земјава има дури 500 илјади жители помалку отколку што мислиме“.
Главна забава на скопјани во изминатите денови беше Балканскиот мировен самит во организација на фирмата на Субрата Рој, кој ја избрал Македонија како земја на љубов и без корупција и за кој Утрински забележува дека се претворил во фестивал зашто бил спој од македонската Буба Мара и од индискиот Боливуд, а на кој политичка тежина му дале зборовите на Тони Блер и на Никола Груевски.
Негирање на Македонците - Пир на албански и на бугарски историчари во Струга.Дневник.
Дневник ја пренесува веста од Брисел дека по средбата на Филе со шефот на бугарската дипломатија, Вигенин, се искристализирал ставот дека: „Софија не дава преговори со ЕУ без Договор за добрососедство“. И Вечер го објавува речиси истиот наслов.
Дали Владата се плаши од резултатите што ќе ги добие зашто пребројувањето би покажало дали Избирачкиот список е реален, колку жители се иселени, колкава е сиромаштијата, колку се Албанци во земјава.Утрински весник.