Достапни линкови

На Косово убиен цариник на ЕУЛЕКС


Еден припадник на Еулекс изутрината бил убиен кога непознати лица отвориле оган врз возилото на мисијата на Европската унија на територијата на општина Звечан.

Еден припадник на Еулекс изутрината бил убиен кога непознати лица отвориле оган врз возилото на мисијата на Европската унија на територијата на општина Звечан. Ова за Радио Слободна Европа го потврди командантот на полицијата во јужниот дел на Митровица Ергин Медиќ.

„Изутрината возило на Еулекс кое се движело на магистралниот пат Приштина Лепосавиќ кај местото Балабан, општина Звечан наиде на пукање од страна на непознати лица. Притоа тешко бил ранет еден цариник од Литванија кој веднаш бил префрлен во болница во северна Митровица, каде што починал, изјави Медиќ.

Инцидентот го потврди и Еулекс.

„Работното тело за Митровица е веднаш активирано и во тек истрага за убиството“, изјави за РСЕ портпаролката на Еулекс Ирина Гудаљевиќ, која најостро го осуди како што изјави кукавичкиот чин на насилство против Еулекс.

Нападот остро го осуди и премиeрот на Косово Хашим Тачи.

„Бараме од одговорните органи веднаш да ги преземат сите неопходни мерки виновниците да бидат изведени на суд и да ја добијат заслужената казна“, изјави Тачи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG