Достапни линкови

Крај на надгледуваната независност на Косово


Денешната последна седница на западните сили што ја сочинуваат Меѓународната управувачка група означува дека тие и официјално му гарантираат целосен суверенитет на Косово. Веднаш потоа ќе заседава косовскиот парламент на чија седница ќе присуствуваат и поранешниот специјален пратеник Марти Ахтисари и заменик помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер.

Денеска завршува мандатот на Меѓународната управувачка група и на Меѓународната цивилна канцеларија кои имаа задача да ја надгледуваат независноста на Косово.
Најпрвин во прашање е продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС до 15 јуни 2014 година. Потоа станува збор и за делегирање на авторитетот за именување меѓународни судии и обвинители.
Хајредин Кучи, заменик премиер на Косово.

Групата која е составена од 23 земји членки на Европската унија, плус Соединетите Држави и Турција, кои ја признаа Декларацијата за независност на Косово во 2008 година, реши дека дојде времето за целосна независност на Косово и покрај одбивањето на Србија да го прифати тоа.
Заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи
Заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи

Косово беше под меѓународно управување по воздушната НАТО кампања врз Србија во 1999 година. Освен, Србија и етничките Срби на северот на Косово, независноста на Косово, одбива да ја прифати и Русија.
Се затвора Меѓународната цивилна канцеларија и тоа го нарекуваат завршување на надгледувањето. Фактот дека тоа се случува во време кога се вршат подготовки за политички дијалог со Србија за северот на Косово, зборува дека не доаѓа до крај на надгледувањето за да се зацврсти независноста на земјата, туку за да се отцепи еден дел од Косово.
Либурн Алиу, Самоопределување.

Сепак, крајот на меѓународната супервизија нема да се одрази врз присуството на мировната мисија КФОР која е предводена од НАТО и во која има околу 5 илјади и шестотини војници, како и на мисијата ЕУЛЕКС која е креирана да го зајакне правосудниот систем на Косово.

За тоа во минатата недела беше и потпишан договор меѓу Приштина и Брисел.

„Најпрвин во прашање е продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС до 15 јуни 2014 година. Потоа станува збор и за делегирање на авторитетот за именување меѓународни судии и обвинители“, прецизираше заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи.

Освен власта, овој договор беше поддржан и од опозиционите партии, Демократскиот сојуз и Алијансата за иднината на Косово чиј шеф на парламентарната група Ардијан Џини вели:

„Алијансата за иднината на Косово смета дека Косово има потреба за поддршка во чувањето на редот и законите и ние сме за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС, но за одредено време.“

Единствена партија која не се согласува со тоа е движењето Самоопределување која смета дека на ваков начин не се става крај на меѓународно надгледуваната независност, туку се воспоставува меѓународно владеење на Косово.

„Се затвора Меѓународната цивилна канцеларија и тоа го нарекуваат завршување на надгледувањето. Фактот дека тоа се случува во време кога се вршат подготовки за политички дијалог со Србија за северот на Косово, зборува дека не доаѓа до крај на надгледувањето за да се зацврсти независноста на земјата, туку за да се отцепи еден дел од Косово“, вели пратеникот Либурн Алиу.

Инаку, оставена е можноста, мисијата на ЕУЛЕКС во која има околу 3 илјади службенци да продолжи и по 15 јуни 2014 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG