Достапни линкови

Владата ќе ангажира странски консултанти за извозните фирми


Стопанските комори веќе организираат посети на странски консултанти за домашните фирми, велат стопанствениците за владината иницијатива за ангажирање на странски експерти за македонските компании.

Стопанските комори веќе организираат посети на странски консултанти за домашните фирми, велат стопанствениците за владината иницијатива за ангажирање на странски експерти за компаниите во Македонија. Економистите дополнително прашуваат дали консултантот ќе има обврски кон нарачателот на услугата, имено, дали преку консултанти владата ќе собира деловни тајни за работењето на приватните субјекти?
Затоа што, прво имаме проблем, да кажеме, со дискреција на податоците. Ако владата е нарачател на ваква дејност, на ваква активност, тогаш консултантот треба сите интерни информации во смисла на интелектуална сопственост, know how и некои информации од пазарот да ги подели со владата. Тогаш која е гаранцијата за приватните компании дека владата нема да ги злоупотреби овие информации.
Висар Адеми, eкономски аналитичар.

Економскиот аналитичар Висар Адеми забележува дека постои опасност од владино мешање во приватните работи на фирмите, додавајќи дека владата не треба да биде толку активен играч во подигањето на капацитетите на фирмите.

„Затоа што, прво имаме проблем, да кажеме, со дискреција на податоците. Ако владата е нарачател на ваква дејност, на ваква активност, тогаш консултантот треба сите интерни информации во смисла на интелектуална сопственост, know how и некои информации од пазарот да ги подели со владата. Тогаш која е гаранцијата за приватните компании дека владата нема да ги злоупотреби овие информации“, вели Адеми.

Секоја поголема извозно-ориентирана компанија која е ориентирана кон нови пазари треба сама да си дозволи консултантски услуги, додава Адеми.
Досега тоа беше проект на разните амбасади, конкретно зборуваме за германската и за албанската амбасада, со овие две амбасади ние сме имале соработка.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

„Мислам дека компаниите треба да имаат политика на перманентен развој за да користат консултанти од Македонија или од странство за да тие нивни препораки да можат да ги преточат во оперативни планови“, вели Адеми.

Според најавата од власта, фирмите бесплатно ќе добиваат консултантски услуги – Владата ќе ги покрива трошоците. Во крајна линија, тоа значи дека фирмите кои не сакаат или не можат да вработат консултанти како составен дел од тимот, ќе добиваат консултантски услуги подмирени со пари од народната каса. Во овој контекст, вреди да се спомене дека дел од стопанствениците веќе добиваат бесплатни консултации од стопанските комори. Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека бесплатните консултации се производ од соработката меѓу амбасадите и компаниите.

„Досега тоа беше проект на разните амбасади, конкретно зборуваме за германската и за албанската амбасада, со овие две амбасади ние сме имале соработка и во конкретни полиња коишто навистина се на некој начин поддржани од нивните влади, од каде што доаѓаат консултантите и преку нивните амбасади во нашата земја во директни преговори, односно договори со нашата стопанска комора, за нашите членки“, вели Кучи.

Моментално во тек е аплицирањето за странска помош со посредство на владата по што власта ќе стапи во контакт со експертите во соработка со странски организации.
XS
SM
MD
LG