Достапни линкови

„Паркобраните“ и спорот со Косово, најкоментирани


Македонско-косовска граница.
Македонско-косовска граница.

Отворањето на границата со Косово и сето она што уследи по притворањето на невладините активисти кои го бранеа паркот кај „Бристол“, предизвика најмногу коментари на нашата интернет страница.

Границата со Косово е отворена. Уште пред да се нормализира состојбата, на нашата веб-страница има повеќе коментари во кои, на пример, се бара прашањето да се реши на маса со преговори, а не со инает „кој може повеќе“ - како што пишува МКД. „Како мали деца се однесуваат нашиве, губиме 450 милиони долари за некое ситно милионче што се обврзани да го плаќаат за жито“ - додава МКД.
Македонија има повеќе придобивки од ЦЕФТА одошто од слабото домашно производство кое на двапати се плаќа со народни пари: еднаш за субвенции, па после за откуп, уште па и цената не им одговарала.
Коментар на читател.

Повеќетемина коментатори, меѓутоа, се лути на северниот сосед и се согласуваат со воведената наплата на еден вид такса при влез во Македонија, како МК Обсервер, кој предлага и дополнителна давачка за, како што вели, „качачките групи кои доаѓаат на викенд-туризам со цел физичка елиминација и пљачкосување на македонските граѓани, вклучително и нашите сограѓани етнички Албанци“. Но, Мбигури од Скопје, како со иронија да пишува: „Браво, така е, по 100 евра треба за Косоварите, па нели ние сме центарот на светот“.

Жане, пак, смета дека „Македонија има повеќе придобивки од ЦЕФТА одошто од слабото домашно производство кое на двапати се плаќа со народни пари: еднаш за субвенции, па после за откуп, уште па и цената не им одговарала“.
Паркобраните остранети - изградбата почна
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00
За случајот со притворањето на невладините активисти кои го бранеа паркот кај „Бристол“, Перо од Скопје коментира: „Општина Центар е под раководство на „непријателот“, мора да се покаже сила“. Инаку, повеќето од испраќачите на пораки, вообичаено, повторно гледаат партиска пресметка во она што се случи. Незабеган смета дека тоа било „ПР фарса од двете страни“, а Архелај од Центар смета дека „сега, не е само СДСМ грабливец и штетник, туку и ВМРО“ и на следните избори ќе гласал за оној што повеќе ќе ги разголува „овие две нахални зла“ - како што вели.
Сега, не е само СДСМ грабливец и штетник, туку и ВМРО и на следните избори ќе гласам за оној што повеќе ќе ги разголува „овие две нахални зла“.
Коментар на читател.

На некој потпишан со Грујо, ова му личело на голем страв на власта од народот, за да се заплаши народот. „Ама ќе издржиме уште малку“ - напишал Грујо.

Изјавата на Жерновски дека живееме во тоталитарна држава, предизвикала неколкумина посетители на нашата веб-страница да го нападнат дека е од страната на „сдс на грк бранко и соросоиди“, како, например, Анонимен. Некој потпишан со: до Анонимен нему и на другите им порачува да си одат во штабовите на својата партија вмровска, и дека Грујо не бил Садам, па да биде 40 години на власт и дека кога тогаш „ќе одговараат за ова што ни го прават во Центар“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG