Достапни линкови

Со охридска софра до повеќе туристи


Манифестација Охридска софра.
Манифестација Охридска софра.

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вели дека општината ќе прави максимални напори за промоција на т.н рурален туризам и производите кои потекнуваат од овој крај.

Охридската торта ќе се брендира. Професори и студенти од охридскиот факултет за туризам ќе покренат постапка за брендирање на рецептот за произвдство на охридската торта која е специфична по својот вкус и начин на производство.
Анѓела Василевска раководител на насоката за гастрономија на охридскиот факултет за туризам, вели дека охридската торта е малку подзаборавена, иако е вистински бренд со кој Охрид треба да се гордее.
Го имате ли најстариот рецепт? Моментално работиме на тоа. Стигнавме до неколку рецепти. Се работи за рецепт кој датира од 1960 година, тука сме некаде во истражувањата. Има три начини на патентирање, и ние ќе го користиме и првиот начин кој е најлесен. Ние во овој момент ќе ја заштите само рецептата.
Анѓела Василевска, раководител на насоката за гастрономија на охридскиот факултет за туризам.

„Сакаме да го изнајдеме најстариот рецепт и да го заштитиме, а тоа значи дека секој оној кој ја произведува охридската торта да ја произведува на автентичен начин како бренд на охридското поднебје. Тоа ќе го правиме во соработка со хотелот Инекс Горица бидејќи сите истражувања покажуваат дека првата торта потекнува од овој угостителски објект“, вели Василевска.
Манифестација Охридска софра.
Манифестација Охридска софра.

Таа вели дека Охрид како град кој е стар повеќе од 8.000 години му доликува да се доближува до т.н бавни градови, каде треба да се негува традицијата и автентичноста. Вели дека планираат рецептот за производство на охридската торта да го заштита во европски рамки.

„Го имате ли најстариот рецепт? Моментално работиме на тоа. Стигнавме до неколку рецепти. Се работи за рецепт кој датира од 1960 година, тука сме некаде во истражувањата. Има три начини на патентирање, и ние ќе го користиме и првиот начин кој е најлесен. Ние во овој момент ќе ја заштите само рецептата“, вели Василевска
Ѓомлезето е едно од спечифичните специјалитети кои се приготвуваат во Охрид, меѓутоа би било неблагодарно ако само на ѓомлезето се задржиме. Охрид покрај езерскиот туризам има огромна понуда која се вбројува во алтернативни форми на туризам, како што е руралниот туризам.
Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам во Охрид.

Неодамна во Охрид се одржа манифестацијата Охридска софра, на која беа презентирани специјалитети од охридскиот крај, со акцент на охридското ѓомлезе. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вели дека општината ќе прави максимални напори за промоција на т.н рурален туризам и производите кои потекнуваат од овој крај.

„Наредната година имаме во план да организираме уште неколку манифестации кои ќе се одржуваат во руралните средини и во селата во Охрид. Со цел развојот на руралниот туризам ние аплициравме преку 4 програми. Една од програмите е преку министерството за земјоделие за поддршка на селски домаќинства. Во неколку села во Охрид ќе интервенираме во реконстуркција на дворовите, и на селските домаќинствата и покуќнината. Вторите проекти одат преку ИПАРД и ИПА програмата“, вели Бакрачески.

Ѓоко Апостолов раководител на секторот за туризам вели дека охридските специјалитети ги има многу на број, а манифестациите кои ќе се организраат ќе бидат најдобар начин за нивна промоција.

„Ѓомлезето е едно од спечифичните специјалитети кои се приготвуваат во Охрид, меѓутоа би било неблагодарно ако само на ѓомлезето се задржиме. Охрид покрај езерскиот туризам има огромна понуда која се вбројува во алтернативни форми на туризам, како што е руралниот туризам“, рече Апостолов.
XS
SM
MD
LG