Достапни линкови

Новинарските здруженија не се согласуваат со премиерот


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски.

Новинарските здруженија не се согласуваат со вчерашното писмо на премиерот упатено до претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. Според нив, има начин премиерот да влијае и да покаже дека се грижи за слободата за изразување.

Писмото на премиерот Никола Груевски до претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, не ја одразува вистинската состојба а изјавите на сведоците во случајот „ Ликвидација“ го потврдуваа тоа, велат од иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.
Напоменуваме дека основна задача на новинарската професија е да трага по вистината, особено онаму каде што постојат сомнежи за неправилности кои што се од страна на институциите како што е овој случај. Кога авторите на ова писмо и институциите задолжени за спроведување на правдата би го прифатиле овој факт медиумските слободи во земјава би биле подобрени, а Кежаровски не би бил зад решетки.
Билјана Петковска, Директорка на Македонскиот институт за медиуми и член на иницијативниот одбор за слобода на Кежаровски.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми и член на иницијативниот одбор, Билјана Петковска, вели дека очигледно е дека Кежаровски е во притвор поради пишување на текст и тоа за прашања за кои граѓаните несомнено треба да бидат информирани.

„Напоменуваме дека основна задача на новинарската професија е да трага по вистината, особено онаму каде што постојат сомнежи за неправилности кои што се од страна на институциите како што е овој случај. Кога авторите на ова писмо и институциите задолжени за спроведување на правдата би го прифатиле овој факт медиумските слободи во земјава би биле подобрени, а Кежаровски не би бил зад решетки.“
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на средба со претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, во Скопје. 2011.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на средба со претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, во Скопје. 2011.

Ова е реакција на вчерашното писмо на премиерот во кое Груевски наведува дека тезите на Мијатовиќ од нејзиното претходно писмо дека последното продолжување на притвор е неприфатливо за едно демократско општество и нејзините залагања ја замаглуваат фактичката состојба. Груевски тврди дека Кежаровски бил во затвор поради повреда на Законот за заштита на сведоци, а не поради напишан текст.
Јас добив впечаток дека премиерот како да зборува за некоја друга земја. Се е ок ,супер е тоа независно судство, меѓутоа тоа не се однесува за Македонија. Веројатно тоа писмо Премиерот ќе го испрати и до Стејт Департментот кој во последниот извештај напиша дека во Македонија има политички затвореници. .
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани вели дека не се согласува со премиерот и дека постои начин да влијае и да покаже дека се грижи за слободата за изразување.

„Јас добив впечаток дека премиерот како да зборува за некоја друга земја. Се е ок ,супер е тоа независно судство, меѓутоа тоа не се однесува за Македонија. Веројатно тоа писмо Премиерот ќе го испрати и до Стејт Департментот кој во последниот извештај напиша дека во Македонија има политички затвореници.“

ЗНМ вчера до Министерството за правда поднесе предлог за помилување на Кежаровски.

„Премиерот може да го повика министерот за правда и да му објасни дека е добар предлогот и да го проследат до претседателот на државата и со тоа Кежаровски да биде ослободен. Мислам дека со тој предлог Премиерот наместо да пишува писма и да објаснува дека судството е независно, ова е наједноставен начин Владата да покаже дека води сметка за слободата на изразувањето и имиџот на државата,“ вели Селмани.

Претседателката на Македонската асоцијација на новинари Слаѓана Димишкова вели дека нема потреба од такви правни квалификации и дописи меѓу ОБСЕ и Премиерот.

„Такви меѓусебни дописи меѓу ОБСЕ и премиерот мислам дека до некаде се и неосновани. Она што е најважно во моментот кога станува збор за колегата Кежаровски е дека во суштина правдата може да се задоволи доколку тој биде на слобода.“

Во продолжение на писмото од премиерот до Мијатовиќ е наведено дека непримерно е нејзиното барање за асистенција од премиерот за да и се дозволи посета на Кежаровски и дека е непримерно тоа што таа испратила копија од нејзиното писмо до Кривичниот совет на основниот суд затоа што тоа би се сфатило како своевиден притисок врз судот.

Димишкова вели дека е потребна поинтензивна комуникација со судот и со институцијата која е надлежна за притворот на Кежаровски.

„Се знае со кого се води комуникацијата, дали сега ОБСЕ гледа дека нема простор тоа да се направи, но доколку тие сметаат дека Владата е виновна не знам зошто бараат од Владата да им дозволи да го видат, значи треба да извршат малку поголем притисок врз надлежните институции како Управата за спроведување на санкции и затворот каде што се наоѓа новинарот, затоа што тие се тие кои што одобруваат посети.“

Претходно судот на специјалниот известувач за слобода на мислење и изразување на ОН Франк Ла Ру не му дозволи да го посети Кежаровски. Тој тогаш изјави дека за него е природно известувач за слобода на изразувањето да може да посети притворен новинар и дека погрешното толкување на законот генерира чувство оти државата не е транспарентна и се обидува да одржи одреден степен на тајност и заговор.
Критичките новинари се заплашуваат во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:46 0:00

Мијатовиќ пред помалку од една недела изрази загрижувањето за апсењето и прекумерно долгиот притвор за Кежаровски истакна дека таквата ситуација има негативно влијание врз слободата на медиумите во земјава.
Во меѓувреме во судскиот процес „ Ликвидација“ се случи пресврт. Сведоците кои ги предложи Обвинителството на второто рочиште изјавија дека биле принудени да даваат монтирани изјави кои им биле „составени “во велешката полиција.

Што се однесува до независноста на судството, во последниот извештај на Фридом Хаус за прв пат беше посочен министер дека извршил политички притисок врз судот, а беше забележано и влошување на состојбите во судскиот систем.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG