Достапни линкови

Учебната година во Долно Српци започна со протести


Ученици од пелагониските села Долно Српци и Беранци каде новата учебна година започна со протести.
Ученици од пелагониските села Долно Српци и Беранци каде новата учебна година започна со протести.

Жителите и учениците протестираа барајќи да се реновира училиштето во село Долно Српци кое изгоре во пожар. Протестите ќе траат и следните денови, по два часа дневно, но бојкот на наставата нема да има.

„Сакаме училиште!“ Вака извикуваа учениците од пелагониските села Долно Српци и Беранци каде новата учебна година започна со протести. Жителите и учениците протестираа барајќи да се реновира училиштето кое изгоре во пожар во февруари годинава во село Долно Српци. Протестите ќе траат и следните денови, по два часа дневно, но бојкот на наставата нема да има. Во меѓувреме, учениците ќе учат во селска заграда во импрповизирани школи услови.
Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење.
Сара Ристовска, ученичка.

„Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење“, рече ученичката Сара Ристовска.

Родителит
е изјавија дека нема да дозволат децата да им учат во соседните села зашто не е добра патната инфраструктура, а во тоа гледаат и опасност од иселување на селата.

„Имаме над 70 деца, не се за потценување. За пет деца носат џип во западна Македонија, а кај нас 50 километри пат воопшто не функционира“, вели Гоце Петровски.
Кога беа изборите министерот за образование беше тука на митинг, за да добие партијата негова, вети дека училиштето ќе се прави, доби независниот градоначалник и отстапија од ветувањата.
Сузана Мицковска, родител.

„Толку месеци од кога е запалено училиштето, никој нема дојдено. Кога можело во едно мариовско село за две деца школо направија, а кај нас остана запаленото училиште“, изјави Трајче Вељанчевски.

Родителите бараат политичарите да ги исполнат ветувањата што им ги дале пред локалните избори кога селото го посетил и поранешниот министер за образование Панче Кралев.

„Кога беа изборите министерот за образование беше тука на митинг, за да добие партијата негова, вети дека училиштето ќе се прави, доби независниот градоначалник и отстапија од ветувањата“, вели Сузана Мицковска.

Советот на родители од ресорното министертво доби информација дека годинава нема да има средства за обнова.
„Во буџетот за 2013 година нема средства за обнова на училиштето, а добивме информација дека тие ќе се планираат во буџетот за 2014 година“, изјави Оливер Ристевски.

Градоначалникот на Могила, Стевче Пивковски објасјнува дека Министерството за образование подготвува проект, а општината е финансиски немоќна да го обнови целото училиште.

„Одеднаш не можеме да го направиме школото. Веќе имаме долг кон училиштата од 4 милиони денари. Но, како општина Могила ќе помогнеме со сите расположиво средства да се изгради одново“, изјави Пивковски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG