Достапни линкови

Извештај 24/12: ЕУ задоволна, а Македонија?


Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.
Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.

Тоа што партиите се однесуваат како да потпишале различен документ за 24 декември ќе произведува натамошни кризи, коментираат екпертите.

Иако го сметаат за добар знак потпишувањето на извештајот на ад хок комисијата за истражување на настаните од 24 декември, експертите се сомневаат дека препораките од истиот ќе бидат спроведени од страна на политичките партии.
Тие сметаат дека тие заклучоци се хартија за отпад, дека немаат никакво значење итн. Тој став тие мора да го променат за работите да тргнат на наша страна. Инаку целата работа се сведува на измама, да ја измамиме Европската унија, комисијата дека ете сме донеле заклучоци, а ние фактични немаме намера ништо од тоа да остваримe.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Македонија.

Поранешниот спикер на македонското собрание Стојан Андов, вели дека не е добро кога владејачката партија настапува со став дека ги потпишала заклучоците, но дека тие за неа немаат никаква тежина.

„Тие сметаат дека тие заклучоци се хартија за отпад, дека немаат никакво значење итн. Тој став тие мора да го променат за работите да тргнат на наша страна. Инаку целата работа се сведува на измама, да ја измамиме Европската унија, комисијата дека ете сме донеле заклучоци, а ние фактични немаме намера ништо од тоа да оствариме“, вели Андов.

Иако според професорот Алајдин Демири заклучоците на извештајот јасно посочуваат кој треба да ја понесе политичката одговорност за случувањата на 24 декември, двете партии различно го читаат договорот. Демири се сомнева дека потпишувањето на извештајот е направено под притисок, а дека партиите се однесуваат како да имаат работа
Тој извештај на таа комисија е потпишан под некоја принуда дека мора да го направиме тоа. Реакциите на ВМРО-ДППМНЕ и на СДСМ се спротивни, па на крај човек се прашува дали потпишале ист документ?.
Алајдин Демири, политички аналитичар.
со документ која различно ќе се толкува и ќе произведува натамошни кризи.

„Тој извештај на таа комисија е потпишан под некоја принуда дека мора да го направиме тоа. Реакциите на ВМРО-ДППМНЕ и на СДСМ се спротивни, па на крај човек се прашува дали потпишале ист документ?“, изјави Демири.

Ставањето потпис на заклучоците од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека не држи ставот на премиерот Никола Груевски, оти на 24 декември опозицијата подготвувала државен удар, вели Андов.

„Заклучоците вакви какви што се очигледно го демантираат неговото тврдење дека спротивно нешто се случувало, односно дека имало обид од опозицијата за државен удар. Таа работа сега ја нема, отпадна и ВМРО-ДПМНЕ не ја споменуваат. Доста е комплицирана политичката ситуација, не се гледа искреност ниту кај Груевски ниту кај пратениците и активистите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се држат до тоа што е договорено во комисијата и тоа што го потпишале“, вели Андов.

Иако за опозицијата согласноста на Груевски на крајот сепак да го потпише извештајот со наведените заклучоци е негов пораз и своевидно признание дека постојат уставни прекршувања, Демири смета дека последната одлука на премиерот е отстапка и ништо повеќе од тоа.

„Јас тоа не би го нарекол пораз затоа што тој и понатаму тоа ќе го чита како државнички пристап на ВМРО-ДПМНЕ, а не како отстапка која ја прави за целата ситуација во Македонија“, изјави Демири.

Препораките се јасни и ако истите се спроведат тие треба да гарантираат дека повеќе нема да се повтори такво нешто, односно дека понатаму ќе се спречат евентуални конфликтни ситуации. Но, според експертите во наредниот период, а зад вратите на македонското собрание можни се различни игри и обиди за обезвреднување на препораките и за нивно неспроведување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG