Достапни линкови

Комисијата 24/12 - без успех


Според неофицијални извори нема значителни поместувања по синоќешните средби на претседателот во оставка Борче Давитковски со Радмила Шеќеринска од СДСМ и Мартин Протуѓер од ВМРО-ДПМНЕ.

Ад хок Комисијата за расветлување на настаните во Собранието од 24 декември не постигна договор за извештајот.

Претседателот во оставка на Комисијата, професорот Борче Давитковски по завршувањето на разговорите по полноќ во Клубот на пратениците изјави дека останале отворени неколку прашања и дека веќе не е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе постигнат договор за извештајот.
Покрај многу напори што вложивме останаа уште неколу прашања отворени. Сега веќе прв пат можам да речам дека не сум веќе оптимист дека работава ќе ја завршиме. Остануваат отворени сите опции. Се надевам дека ќе изнајдеме сили она што го бараат од нас да го завршиме. Пред се, јас мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на нашата држава.
Борче Давитковски, претседател на Комисијата за 24 декември.

„Покрај многу напори што вложивме останаа уште неколу прашања отворени. Сега веќе прв пат можам да речам дека не сум веќе оптимист дека работава ќе ја завршиме. Остануваат отворени сите опции. Се надевам дека ќе изнајдеме сили она што го бараат од нас да го завршиме. Пред се, јас мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на нашата држава", рече Давитковски.

Тој рече дека најверојатно нема да има средба со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека ќе се обиде неколкуте отворени прашања да ги реши со членовите на Комисијата.

Членовите на Ад хок комисијата и покрај интензивните разговори во изминатите неколку дена не успеја да го испочитуваат рокот за донесување на извештајот што го договорија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев на нивната последна средба што се одржа во вторникот.

Како течеа разговорите

На вчерашните разговори покрај членовите на Комисијата присуствуваа и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер и заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, како и странскиот експерт.


Влогот за државата е голем и треба барем за неколку дена да се фокусираме на решавање на проблемот, којшто не е наш или нивни проблем, тоа е проблем на Република Македонија и на сите граѓани во неа.
Никола Груевски, премиер на Македонија.
Иако Давитковски претходно најавуваше можни консултации на највисоко ниво, меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Давитковски завчера изјави дека се прави се што треба за да се заврши работата и оти има поместувања од двете страни. Сепак не исклучи секакво можно сценарио.

„Па видете, сите сценарија се можни, јас се уште се надевам дека ќе ја завршиме работата“, рече Давитковски.

Груевски вчера изјави дека ВМРО-ДПМНЕ цело време е фокусирана и посветена дијалогот да успее, а од друга страна пак СДСМ повеќе е фокусирана на
Па видете, сите сценарија се можни, јас се уште се надевам дека ќе ја завршиме работата.
Борче Давитковски, претседател на Комисијата за 24 декември.
порталите што ги контролира и на тоа да пуштаат како што рече некои сплетки и манипулации.

„Влогот за државата е голем и треба барем за неколку дена да се фокусираме на решавање на проблемот, којшто не е наш или нивни проблем, тоа е проблем на Република Македонија и на сите граѓани во неа“, рече Груевски.

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пак, смета дека решение на Анкетната комисија е возможно, ако сите што учествувале си го преземаат својот дел од одговорноста.

На почетокот од неделата Груевски и Заев се договорија во периодот што следи да се вложат последни напори за откочување на процесот и донесување решение во врска со извештајот на комисијата. Евентуалниот неуспехот да се постигне договор ќе значи дека нема политички дијалог во земјата и со тоа, дека не се исполнети условите од мартовскиот договор.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG