Достапни линкови

Македонија - што ако ЕУ излезе од рецесија?


Добра вест за Македонија е тоа што еврозоната излезе од криза, но пред земјата својат реални проблеми кои мора да си ги реши ако сака економнски напредок, велат аналитичарите.

Излезот на еврозоната од кризата влева оптимизам кај бизнисмените дека тоа позитивно ќе се одрази и врз македонската економија, но за експертите поважни се проблемите на домашен план кои оневозможуваат реален раст. Според податоците на Евростат, по рекорден минус во изминатите 18 месеци, еврозоната остварила раст од 0,3 % на бруто домашниот производ во вториот квартал.
Податокот дека и европската економија е во позитива е добра вест за нас бизнисмените затоа што се очекува зголемување на нарачките од ЕУ која е значаен партнер на македонската економија, а зголемувањето на нарачките ќе значи и зголемување на нашиот Бруто национален доход.
Мирче Чекреџи, Сојуз на Стопански комори.

Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека македонската економија излегла порано од рецесија и трендовите се позитивни.

„Податокот дека и европската економија е во позитива е добра вест за нас бизнисмените затоа што се очекува зголемување на нарачките од ЕУ која е значаен партнер на македонската економија, а зголемувањето на нарачките ќе значи и зголемување на нашиот Бруто национален доход.“
Според податоците на Евростат, по рекорден минус во изминатите 18 месеци, еврозоната остварила раст од 0,3 % на бруто домашниот производ во вториот квартал.
Според податоците на Евростат, по рекорден минус во изминатите 18 месеци, еврозоната остварила раст од 0,3 % на бруто домашниот производ во вториот квартал.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека факт е оти македонската економија е поврзана со европската, но ако се направи анализа што извезуваме и продаваме на странскиот пазар ќе се види дека производството поради кризата не било драстично намалено.
Македонија ако сака да има економски прогрес и ако сака да биде ликвидна како држава, а тоа значи мора да намалиме негативниот трговски дефицит, ние мораме да ја смениме монетарната политика, сето друго е демагогија.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија

„Македонија ако сака да има економски прогрес и ако сака да биде ликвидна како држава, а тоа значи мора да намалиме негативниот трговски дефицит, ние мораме да ја смениме монетарната политика, сето друго е демагогија. Дваесет години ниту има економски раст, ниту има намалување на стапката на невработени, само заради тоа што држиме скап денар, само заради тоа што ги штитиме увозниците, дилерите и банкарите на штета и на сметка на реалната индустрија.“

Но, сепак Чекреџи вели дека кризата во ЕУ не е единствениот проблем на домашната економија.

„Другиот дел од проблемите се внатрешно македонски и ние треба тие самите да си ги решаваме. Има проблеми во легислативата, недостаток на финансиски средства, лоша организираност, недостаток на технологии.“

Според Витанов, економскиот раст го прави реалниот сектор, кој е неконкурентен за извоз и затоа Македонија малку ќе добие или изгуби ако Европа е или не е во рецесија.

„Македонија дома треба да си го реши, па потоа сето друго ќе биде само последица на наш успех, вака ние се правдаме и кажуваме дека заради некој друг на нас не ни тргнало, тоа е губитнички концепт, ние мора да сфатиме дека секогаш причината и за успехот и за неуспехот 99 проценти лежи внатре во државата.“

Од Народна банка соопштија дека во втората половина од годината може да се очекува зголемен економски раст.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG