Достапни линкови

„Ликвидација“ и Кежаровски во судница


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски. 25 јули, 2013.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски. 25 јули, 2013.

Започна судскиот процес за случајот Ликвидација во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски дека во новинарски текст од 2008 година објавил идентитет на заштитен сведок во случај за убиство.

Започна судскиот процес за случајот Ликвидација во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски дека во новинарски текст од 2008 година објавил идентитет на заштитен сведок во случај за убиство.
Одбраната смета дека „противзаконското посредување“ за кое се товарат нивните клиенти повеќе не постои, односно е укинато во 2008-та година. Обвинителството не ги прифати приговорите, бидејќи сметаше дека се неосновани и дека претставуваат одбрана, а на приговор.

Одбраната на дел од обвинетите пред читањето на обвинителниот акт поднесе приговори за кривичното дело за кое се товарат нивните клиенти. Одбраната смета дека „противзаконското посредување“ за кое се товарат нивните клиенти повеќе не постои, односно е укинато во 2008-та година. Обвинителството не ги прифати приговорите, бидејќи сметаше дека се неосновани и дека претставуваат одбрана, а на приговор.

Од иницијативниот одбор за слобода на Кежаровски, очекуваат судот на Кежаровски да му даде можност да се брани од слобода. Кежаровски веќе трет се наоѓа во притвор, поради, како што објаснија од Кривичниот суд можноста за бегство, иако неговото семејство поднесе имотна гаранција. На тоа реагираа медиумските здруженија и новинарите според кои целта на притворот е да се заплашат новинарите да
внимаваат како извествуваат и дека и нив може да ги снајде истото.

Преку протести и со едноминутно молчење пред Кривичниот суд во Скопје симболично претходно и оддадоа почит на ,според нив, убиената слобода на изразување. Поддршка за Кежаровски пристигна и од меѓународните медиумски здруженија.
Од иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски изразија очекување дека одбраната на Кежаровски добро ќе си ја заврши својата работа и порачаа дека не се откажуваат иако се обиделе преку сите демократски начини да му помогнат.

Меѓународната федерација на новинари и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ го осудија продолжувањето на притворот на Кежаровски и притоа порачаа дека е неприфатливо новинар да биде уапсен за неговото известување.

Делегацијата на Европската унија соопшти дека одблиску го следи судскиот случај на Кежаровски и истакна дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време и сите институции надлежни за спроведување на законот да дејствуваат итно да за да се забрзаат случаите во кои обвинетите се во притвор пред судењето.

Од иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски изразија очекување дека одбраната на Кежаровски добро ќе си ја заврши својата работа и порачаа дека не се откажуваат иако се обиделе преку сите демократски начини да му помогнат.

На судската расправа присуствуваат и претставници на медиумските здруженија, претставници на ОБСЕ, на Американската амбасада во Скопје и на невладини организации.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG