Достапни линкови

ИО се надева дека Кежаровски ќе биде ослободен од притвор


Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски, 31мај 2013.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски, 31мај 2013.

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски очекува дека на судењето кое почнува утре ќе му се даде можност на новинарот да се брани од слобода, вели Жанета Трајковска од Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Госпоѓо Трајковска, започнува судскиот процес Ликвидација, во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски. Кои се вашите очекувања како Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски?

Ние како иницијативен одбор прво очекуваме дека навистина со почеток на судењето ќе му се даде можност на колегата Кежаровски да се брани од слобода, ќе биде пуштен од притвор. Уште еднаш, како што и многупати сме кажале, ние не прејудицираме во неговата вина или невиност, тој се уште е во притвор и се додека не се докаже неговата вина, тој е невин. Понатаму мислам дека одбраната ќе ја заврши добро својата работа, но не би коментирала ништо повеќе бидејќи целиот случај е малку чуден, нема никаква логика.
Ние не прејудицираме во неговата вина или невиност, тој се уште е во притвор и се додека не се докаже неговата вина, тој е невин. Понатаму мислам дека одбраната ќе ја заврши добро својата работа, но не би коментирала ништо повеќе бидејќи целиот случај е малку чуден, нема никаква логика.

Очекувате ли Судот да донесе правична пресуда?

Јас сметам дека притворот е еден вид на казна, и не е за да не влијае на сведоците, да бега итн., тоа што веќе беше некаков тип на објаснување, но и дека е предупредување до сите новинари и сите медиумски организации да внимаваат што зборуваат бидејќи нели може да им се случи вакво нешто. Искрено не сум сигурна и не можам да речам дека очекуваме правична пресуда или судење, бидејќи досега она од што се
Новинарите протестираат против продолжувањето на притворот на Кежаровски, 25 јули 2013.
Новинарите протестираат против продолжувањето на притворот на Кежаровски, 25 јули 2013.
покажа, се покажа дека судот реагира на навистина чуден начин. Тука би се навратила на соопштението што го имавме после вториот протест, дека влегуваме во нивната работа и правиме притисоци и дека сакаме да искористиме некаков си вид слобода на изразување за да вршиме притисок. Само по себе тоа соопштение беше, благо кажано, небулозно, така да не можам да
Ние не бараме нешто посебно за колегата Кежаровски, туку бараме да се искористат сите можни правични одлуки кои се базираат врз база на Законот и Уставот во Република Македонија.
очекувам правично. Можам само да се надевам дека има систем во Македонија, бидејќи ако навистина нема правен систем и ако не постои правдина, тогаш сите ние имаме проблем како држава и можеме само да се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред и од петок Кежаровски ќе биде во својот дом и со своето семејство.

Госпоѓо Трајковска, што доколку Судот одлучи Кежаровски повторно да остане во притвор?

Ние не се откажуваме. Би било многу лошо ако се откажеме, меѓутоа ние се обидовме со сите можно начини, со оние демократски начини кои ги даваат како алатки на демократијата да укажеме, да лобираме, да го кажеме јасно и гласно нашиот став дека сметаме дека колегата треба да се брани од слобода. Ги информираме сите меѓународни новинарски организации, оние кои се занимаваат со човекови права, тие исто реагираа, бидејќи навистина е чудно да имате притворен новинар веќе трет месец. Но како да имаме од другата страна глуви институции, или институции кои воопшто не водат сметка за остатокот од светот, туку се занимаваат сами со сопствените работи и веројатно сметаат дека се стопроцентно во право. Навистина не знам што можеме друго да преземеме, но во секој случај ние и утре сите кои што сакаат и коишто сметат, бидејќи судењата се јавни, ќе бидат таму. Сите организации кои вршат набљудување на судски процеси ќе имаат свој претставник на оваа судење, домашни и странски невладини и други меѓународни организации, па се надевам дека сето тоа не некој начин, да го искористам од судот зборот притисок врз целиот процес, да се одвива се како што треба. Ние не бараме нешто посебно за колегата Кежаровски, туку бараме да се искористат сите можни правични одлуки кои се базираат врз база на Законот и Уставот во Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG