Фокус - Ем те тепаат, ем не ти даваат да плачеш!
Ете го повторно неделникот Фокус. „Ем те тепаат, ем не ти даваат да плачеш!“ е насловен уводникот на новиот главен и одговорен уредник Јадранка Костова, која го замени трагично загинатиот Никола Младенов. Зошто се вративме, вака предавнички, нели, на медиумската сцена? - прашува авторката на уводникот за да додаде: „Едноставно затоа што веруваме дека борбата за слободно општество е мисија на секој мислечки човек. Дека е нормално медиумите да се обидат да ја контролираат власта, а не власта да ги контролира сите, како што гуслаат бранителите на тронот... Како и да е, продолжуваме за нештата да станат појасни. Колку чини слободата? Никола најдобро ја дозна цената!“ - одговара Костова во обновениот Фокус.
Глобус - Дали Аџиев е на крајот од патот?
Он-лајн неделникот Глобус се осврнува на најновото „дело“ на Комисијата за лустрација, лустрирањето на еден од бардовите на македонската литература и култура, на повеќе од деценија починатиот Славко Јаневски, со прашање во насловот на редакциската анализа: „Дали Аџиев е на крајот од патот?“. Потсетувајќи на колумната на академик Божин Павловски до, како што напишал, „семоќниот премиер Груевски“ со барање веднаш да реагира и да го запре овој уништувачки процес на лустрација, неделникот наведува дека „многу непотребни жртви предизвика процесот кој го нарекоа лустрација и кој беше само пресметка со идеолошкиот непријател, со неколку случаи за замачкување на очите. Славко Јаневски како да станува меѓник, многу задоцнет, но сепак еден камен по кој ништо повеќе нема да биде исто“. Глобус ја наведува и „математиката“ на Јанакие Витановски, поранешен член на лустрациската комисија кој поднесе оставка поради несогласување со нејзините методи на работа: од досега лустрираните 68 лица, 90 отсто се поранешни, а само 5 отсто се кандидати за функции и 5 отсто се функционери. Од последните десетмина лустрирани, петмина се починати, завршува Глобус.
Република - Заев е „мистер грешка“
Република - добра, добра спрема најголемата опозициска партија, па лоша: откако се фали дека во најмалку од половината од 44 објавени броја на неделникот се објавени интервјуа со високи претставници на СДСМ, луѓе блиски до партијата, коалициски партнери или интелектуалци што во јавноста идеолошки се идентификуваат како гласноговорници на партијата, во најновиот број излегува со остар напад врз новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев наведувајќи дека за речиси сто дена од изборот за претседател на некогаш моќната партија, градоначалникот на Струмица оствари три важни цели во својата кариера, нешто што некому друг му се потребни децении. Република го напаѓа Заев за говорните гафови нарекувајќи го „мистер грешка“ и за, како што пишува, „нелогичната, неписмената и глупава конструкција од зборови“, воведувајќи го предлогот „на“ во националниот идентитет во интервјуто за Република, а потоа на прес-конференција се обвинува неделникот дека непрофесионално ги пренесол зборовите на Заев.
Веруваме дека борбата за слободно општество е мисија на секој мислечки човек. Дека е нормално медиумите да се обидат да ја контролираат власта, а не власта да ги контролира сите, како што гуслаат бранителите на тронот.Фокус.
Ете го повторно неделникот Фокус. „Ем те тепаат, ем не ти даваат да плачеш!“ е насловен уводникот на новиот главен и одговорен уредник Јадранка Костова, која го замени трагично загинатиот Никола Младенов. Зошто се вративме, вака предавнички, нели, на медиумската сцена? - прашува авторката на уводникот за да додаде: „Едноставно затоа што веруваме дека борбата за слободно општество е мисија на секој мислечки човек. Дека е нормално медиумите да се обидат да ја контролираат власта, а не власта да ги контролира сите, како што гуслаат бранителите на тронот... Како и да е, продолжуваме за нештата да станат појасни. Колку чини слободата? Никола најдобро ја дозна цената!“ - одговара Костова во обновениот Фокус.
Глобус - Дали Аџиев е на крајот од патот?
Многу непотребни жртви предизвика процесот кој го нарекоа лустрација и кој беше само пресметка со идеолошкиот непријател, со неколку случаи за замачкување на очите. Славко Јаневски како да станува меѓник, многу задоцнет, но сепак еден камен по кој ништо повеќе нема да биде исто.Глобус.