Достапни линкови

Долгиот пат кон Брисел по Хрватска


Влезот на Хрватска во Европската унија на први 1 јули веројатно ќе биде последната поднова во европското семејство за извесен период. Аналитичарите сметаат дека ново проширување на Унијата ќе се случи по 2020 година и тоа на чело со Црна Гора.

Другите земји на Балканот најверојатно ќе го следат хрватскиот пример но нивната интеграција може да портае и до 10 години поради внатрешнополитички проблеми, корупција и организиран криминал. За источните соседи на Унијата интегративните процеси изгледаат уште подалечни.

НАЈСЕРИОЗНИТЕ КАНДИДАТИ:

Македонија

Земјата доби кандидатски статус во 2005 година и Брисел постојано предлага отпочнување преговори, но за тоа нема согласност меѓу земјите членки. Грција ја блокира иницијативата поради билатералниот спор за уставното име на државата. Во брисел се шушка дека Грција може да предложи компромис за време на своето претседателство во 2014 година. Доколку тоа се случи и ако продолжат реформите, Македонија може да ја стигне Црна Гора, која после Хрватска е најсилниот кандидат за членство.

Црна Гора

Земјата за сега изгледа како најдсериозен кандидат за влез во Униујата. Кандидатскиот статус го доби во 2010 година од кога почна со ревизија на законодавството и негово услогласување со европските легислативи. Комплетирањето на овој процес зависи од завршувањето на 35 европски поглавја и тоа може да потрае. На Хрватска и беа потребни шест години за адаптација на законите и две дополнителни години за членките на Европската унија да го ратификуваат договорот. Црна Гора исто така има отворени прашања во поглед на корупција и организиран криминал. Многумина експерти сметаат дека европското семејство ќе добие нов член дури по 2020 година.

Србија

Судбината на европскиот сон за Србија е врзан за Косово. Минатата година Белград стана официјален кандидат за членство и се очекува да ги отпочне преговорите за членство во јануари 2014 година и тоа со имплементација на договорот за нормализирање на односите со Косово кој беше договорен со посредство на Европската унија. За членство Србија веројатно ќе треба да ја признае независноста на Косово бидејки унијата сака да ја одбегне ситуацијата која настана со приемот на подлениот Кипар во 2004 година.

НА ЗАДНОТО СЕДИШТЕ:

Косово

Косово наскоро ќе ги отпочне преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација кој веќе го потпишаа сите поранешни југословенски републики. Разговорите на оваа тема траат од една до пет години. Сепак, имајки предвид дека не сите членки на европското семејство го признаваат Косово, земјата може да заглави како последен кандидат кој ќе се приклучи кон Унијата.

Босна и Херцеговина

Договорот за стабилизадција и асоцијација за оваа земја е веќе ратификуван и потпишан но истиот не се имплементира, бидејки властите не ја имплементираа пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2009 година. Тогаш судот одлучи против регулативите кои им дозволуваат само на одредени етнички заедници да се кандидираат за лидерски позиции. Босна не е во можност да отпочне сериозна кандидатура за членство во ЕУ и во догледна иднина ќе остане потенцијален кандидат.

Албанија

Албанија официјално може да се стекне со кандидатски статус во декември. Тоа сепак ќе зависи од многу работи меѓу кои и политичките тензии меѓу партиите во државата. Европската комисија во 2012 година предложи Албанија да добие кандидатски статус под услов да се имплементираат клучни мерки. Официјална Тирана сепак не успеа навремено да ги расчисти политичките спорови.

Турција

Турција аплицираше за членство во некогашната Европска Економска Заедница во 1987 година и стана кандидат за член во Европската унија во 2005 година. Од тогаш работите се движат бавно. Само едно од вкупно 35 поглавја за синхронизација на законодавството е затворено. Половина од поглавјата се замрзнати, делумно поради тоа што официјална Анкара ги нема отворено пристаништата за сообраќај од Кипар. Многу земји членки на унијата се уште негодуваат за приемот на голема и доминантно муслиманска земја во европскиот блок.

НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ:

Исланд

Иасланд аплицираше за европско членство во 2008 година во екот на светската финансиска криза која лошо се одрази во земјата. Преговорите започнаа во 2010 година и Исланд требаше да се приклучи во 2016 година. Но како што се смируваше кризата, официјален Рејкјавик како да се олади кон унијата. По јунските избори, новоизбраната влада најави дека ги замрзнува преговорите со Унијата за време на својот мандат. Потегот доби широка подршка од населението.
XS
SM
MD
LG