Достапни линкови

Охрид под будно око на 280 спасители на вода


За безбедноста на капачите во охридските води годинава ќе се грижат повеќе од 280 спасители. Но и оваа година најголем дел од концесионерите на плажите се уште не склучиле договор со тимот за спасување на вода на Црвениот крст од Охрид.

Повеќе од 280 спасители на вода ова лето ќе се грижат за безбедноста на капачите по охридските плажи. Дел од концесионерите на плажите веќе склучиле договор со Црвениот крст од Охрид кој располагаат со тим за спасување на вода. Сашо Точко, претседател на Охридскиот Црвен крст, не очекува дека сите активни капалишта ќе имаат спасувачи бидејки тоа не беше случај и изминативе туристички сезони.
Од околу 32 плажи колку што имаме, една третина имаат склучено договори. И оваа година немаме илузии дека нема да имаме проблеми. Сите оние кои на некој начин ги злоупотребуваат законските норми и критериуми и оваа година истото ќе го прават.
Сашо Точко, претседател на Охридскиот црвен крст.

„Од околу 32 плажи колку што имаме, една третина имаат склучено договори. И оваа година немаме илузии дека нема да имаме проблеми. Сите оние кои на некој начин ги злоупотребуваат законските норми и критериуми и оваа година истото ќе го прават. Исто така и Капетанијата ќе ги засили своите инспекциски мерки со цел сите капачи бидат безбедни,“ вели Точко.

Тој вели дека во разговор со локалната самоуправа постои можност и на оние плажи кои не се издадени под концесија да има спасители на вода. За среќа, минатата туристичка сезона во Охрид помина без жртви, но Црвен крст имаше 24 интервнеции на вадење активни давеници од водите на Охридското Езеро, кои ќе завршеа фатално доколку не реагираа спасителните служби. Имало и 350 интервенции на укажување на прва помош, 25 евакуации на пловни објекти и повеќе од 30 интервенции на пронаоѓање на изгубени лица по плажите, претежно на млади лица. Почнувајки од јули по охридските плажи ќе се делат и едукативни материјали, вели Точко.
За сите инциденти, координаторот ги подготвува интервенциите кој и каде да оди. Минатата година овој систем се покажа многу успешно бидејќи немавме некои посериозни инциденти.
Димитар Славковски, координатор на спасителите на вода.

„Странските гости се многу посовесни од нас. Сите прво прашуваат каде има спасувачи на плажа. Одат прво прашуваат каде има, се пријавуваат дека не се добри пливачи и прашуваат како да постапат. Оваа година ќе имаме и едукативни материјали со цел подигнување на свеста на самите капачи како да се однесуваат“, рече Точко.

И ова лето ќе функционира бродот амбуланта со чија помош биле реализирани четири интервенции на укажување прва помош и повеќе од 10 интервенции на транспорт на повредени лица.

Стружанецот Димитар Славковски ќе ги координира охридските спасители на вода. Целата комуникација помеѓу спасителите на вода ќе се реализира преку еден центар и со помош на радио врски, рече тој.

„Преку радио врските ќе сме сите поврзани со спасителите во текот на работното време од 10 часот до 18 часот или од 11 до 19 часот. За сите инциденти, координаторот ги подготвува интервенциите кој и каде да оди. Минатата година овој систем се покажа многу успешно бидејќи немавме некои посериозни инциденти. Охридското крајбрежје со новите 30 спасители ќе е доволно покриено и таа бројка е доволна“, рече Славковски.
XS
SM
MD
LG