Достапни линкови

Сетило за преживување


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Додека кај нас социјалните медиуми ги користиме како место каде што сме најгласни критичари, херои, борци за права и живот на уличните кучиња и амазонските прашуми, младите во светот организираа револуции преку Твитер и Фејсбук. Додека во Турција Твитерот преставува „најопасната работа“, во Македонија е место што се храбриме и се восхитуваме на другите, пишува претседателот на СДММ Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Последниве неколку дена очите на светската јавност се вперени во случувањата во Турција. Уште една земја во која се случија серија на настани чија крајна цел е отфрлањето на еден режим или систем на владеење кој по многу обележја е далеку од демократски.
Гледајќи ги снимките очекувам во секоја земја каде што ќе се случи вакво насилство врз сопствените граѓани, тие да се организираат и да застанат во одбрана на сопствените идеали, принципи и уверувања. И за жал, по се изгледа секаде можам да ја очекувам ваквата ситуација освен во Македонија. Настаните во секоја земја каде што се случија револуциите и големите протести недвосмислено многу потсетуваат на настаните кои се случија во Македонија.

Станува збор за земји во кои владее прикриен или целосен автократски режим. Турција е класичен пример за прикриена автократија. Оваа држава која претрпе многу внатрешни конфликти за да дојде до својата демократија и слобода во последните години почна да ја губи секуларноста, новинарите постојано јавуваат за прекршување на човековите права, монтирани случаи каде што најчесто затворани се луѓе од кои власта чувствува страв, како воени генерали, новинари, граѓански активисти. Не ви делува познато?

Екстремно високо ниво на корупција во Владата, синови на министри или министри ги добиваат локациите за градење. Уште зборувам за Турција. И на крај следува мала искра, жар, можеби за некого и небитна работа, но почеток на нешто многу важно и нешто од кое враќање назад нема, најавата на политички промени во државата. Епа тие својата искра ја добија, чашата ја прелеаја со тоа што сакаа да земат паркче во центарот на Истанбул и да направат трговски центар. Она што е особено интересно е фактот што вистинскиот отпор се случи кога на мирно собраната толпа која протестираше пуштија полицајци кои употребија прекумерна сила.

Гледајќи ги снимките очекувам во секоја земја каде што ќе се случи вакво насилство врз сопствените граѓани, тие да се организираат и да застанат во одбрана на сопствените идеали, принципи и уверувања. И за жал, по се изгледа секаде можам да ја очекувам ваквата ситуација освен во Македонија. Настаните во секоја земја каде што се случија револуциите и големите протести недвосмислено многу потсетуваат на настаните кои се случија во Македонија.

Некаде штрајкуваат поради невработеност, некаде има удар врз демократијата, некаде имаа проблем со економијата, други пак имаат проблем со корупцијата, национализмот, религискиот фундаментализам и слично. А во Македонија има по малку од сето ова комбинирано, ама доволно народ да се побуни нема.
Додека кај нас социјалните медиуми ги користиме како место каде што сме најгласни критичари, херои, борци за права и живот на уличните кучиња и амазонските прашуми, младите во светот организираа револуции преку Твитер и Фејсбук. Додека во Турција Твитерот преставува „најопасната работа“, во Македонија е место што се храбриме и се восхитуваме на другите.

Јас сѐ уште не знам како не можеме да ги разубедиме властите во Грција дека немаме територијални претензии кон нив, па ние и да тргнеме да освојуваме ќе стигнеме до кафулињата на солунското пристаниште и таму ќе се укотвиме. Не па да бараме некакви си права, има кој да се секира за тоа... никој.

Затоа се покажа дека кај нас движења како што беа против полициската бруталност и Отпорот на СДСМ не поминуваат, едноставно не е доволно голема групата на граѓани кои ги задира овој проблем во сржта и не се решени да се вклучат во битката за севкупното општествено добро, туку се исклучуваат во нивен свет и бегаат од реалноста.

Додека кај нас социјалните медиуми ги користиме како место каде што сме најгласни критичари, херои, борци за права и живот на уличните кучиња и амазонските прашуми, младите во светот организираа револуции преку Твитер и Фејсбук. Додека во Турција Твитерот преставува „најопасната работа“, во Македонија е место што се храбриме и се восхитуваме на другите.

И секако не мора да значи дека ова неминовно ќе довде до паѓање на владата на Турција по насилен пат. Во Бугарија по слични крвави протести опозицијата ја презема власта. Секако станува збор за други држави, но воодушевувањето за храброста на народот беше големо, а поддршката за истрајноста секојдневна. Но тоа е тоа што нѐ разликува нас Македонците од другите народи, ние имаме исклучително добро развиено посебно сетило за тоа како да преживееме, ама да преживееме, не да живееме.
XS
SM
MD
LG