Достапни линкови

Партиски конгрес, државни проблеми


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Кај сме во опозиција, па уште недемократска опозиција сме биле и тоа штетело за државата. Неколку пати нè имаат посоветувано дека мора да направиме промени за да тргне работата напред. Затоа што, нели, вообичаено за сите проблеми во државата, Бранко е крив. Па имаа една желба која си ја посакуваа секоја Нова Година и секој роденден, Бранко да си оди. Толку станаа опседнати да дури и почнаа да бладаат Бранко да си оди за Груевски да дојде, ама остана недоречено дали треба да дојде Груевски во опозиција, пишува претседателот на подмладокот на СДСМ Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Внатрепартиските избори во СДСМ се главна тема изминативе недели во медиумите. Нема медиум кој детално со своја анализа и посебен осврт на настаните не ја разработува темата. Посебно место земаат медиумите блиски до Владата.
Кај сме во опозиција, па уште недемократска опозиција сме биле и тоа штетело за државата. Неколку пати нè имаат посоветувано дека мора да направиме промени за да тргне работата напред. Затоа што, нели, вообичаено за сите проблеми во државата, Бранко е крив. Па имаа една желба која си ја посакуваа секоја Нова Година и секој роденден, Бранко да си оди. Толку станаа опседнати да дури и почнаа да бладаат Бранко да си оди за Груевски да дојде, ама остана недоречено дали треба да дојде Груевски во опозиција или...

Сироти тие, веќе со години се загрижени кој ќе биде следниот лидер на партијата. Длабоко вознемирени во какви услови функционира партијата, па упорно сакаат да ни помогнат да ја кренеме демократијата на повисоко ниво. Кај сме во опозиција, па уште недемократска опозиција сме биле и тоа штетело за државата. Неколку пати нè имаат посоветувано дека мора да направиме промени за да тргне работата напред. Затоа што, нели, вообичаено за сите проблеми во државата, Бранко е крив. Па имаа една желба која си ја посакуваа секоја Нова Година и секој роденден, Бранко да си оди. Толку станаа опседнати да дури и почнаа да бладаат Бранко да си оди за Груевски да дојде, ама остана недоречено дали треба да дојде Груевски во опозиција или...

Па штом е битна темата за власта, тогаш е битна темата и за провладините медиуми кои не престануваат да шират дезинформации и лаги се со цел да ја замајат јавноста за вистинските проблеми во државата. И тоа не само изминатиов период, веќе неколку години преку своите мегафони ја шират тезата дека за да се демократизира државата најпрво потребно е да се демократизира опозицијата. Прв ваков случај во светот!!! И бидејќи, според нив, нема напредок за Македонија додека не се смени раководството во опозицијата нема напредок ни за власта, па логично од таму произлегуваат економските, социјалните и куп други проблеми на државата, значи да скратиме, СДСМ и Бранко се криви за сè. Секој неуспех на власта, иако ја имаат и централната, локалната, судската и претседателската, треба да се бара во опозицијата.

Сега сигурно се пресреќни, само не знаат каква реклама да направат, но кај и да е, ќе смислат некој спот да трае цело лето, да ни зуи во глава... Сега кога е закажан Конгресот и кога станува јасно дека нема повторно претседателот Црвенковски да побара мандат, фали само едно нешто. Ако може ВМРО да каже кој треба да биде следниот претседател. Па нели знаат сè, експерти се за сè, сигурно знаат и кој треба да биде лидер на опозицијата и сигурно знаат кој може да ги победи. Е па, ај да им дадеме нека ни го изберат. Всушност, што да го бираат, ај само ќе направиме јавен конкурс, нормално ќе ги пишеме сите услови, па на кој му иде - му иде. Степен на интелегенција 170, психо – физичка состојба, имотна состојба и др., и после, добро де, братучедот ќе каже кој треба и ете успешна опозиција. Па може избори секоја година, ќе се менува власта, ама всушност само фамилијата ќе се офајдува. Или што да се трошат пари на избори, дај нека пропадне партија по нивни рецепт, па нека си градат споменици - споменик за секој граѓанин, проект на Владата на Република Македонија.
Сега кога е закажан Конгресот и кога станува јасно дека нема повторно претседателот Црвенковски да побара мандат, фали само едно нешто. Ако може ВМРО да каже кој треба да биде следниот претседател.

Сега колку и да изгледаше смешно и иронично сценариото, верувам дека така си го замислуваат. Ама ќе им се расипе планот изгледа. Колку и да се обидуваат да направаат дисторзија на реалноста, сепак досега народот покажува дека има далеку поголеми проблеми од изборите во партијата. Всушност нема никакви проблеми во изборите. Па еве едно објаснување за сите душегрижници. Изборите во партијата се нормален процес после секое завршување на мандатот на едно раководство. Изборите се одвиваат во една нормална атмосфера, ама во ненормална држава. Од досега пристигнатите кандидатури партијата ќе оди на Конгрес со тројца внатрешни функционери и еден... ај да кажам надворешен кандидат. Но, бидејќи е предложен од општински организации и има програма, ете нека стои дека е кандидат. За другите кандидати, Ивановски, Заев и Јовановски, можам да кажам дека се изградени политичари, имаат платформи, идеи и размислувања како треба да функционира една модерна социјалдемократска партија која ќе донесе победа на следните избори.

Делегатите ќе имаат можност да избираат личност и концепт, а може и еден концепт доколку успеат да постигнат изедначување на концептите кој еве за радост на партијата не се спротивставени, туку се погледи кои нудат успех на партијата се реално споиви и остварливи и возможно е да се излезе со заедничко решение. Времето ќе покаже дека СДСМ како државотворна партија и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски биле далеку пред другите со своите сфаќања за тоа што значи демократија и слобода, мир, достоинство и почитување. Но, дали нејзините граѓани ќе се обидат да разберат и ќе сфатат дека тоа сега го немаат, ќе треба време. Но кога ќе го почувствуваат тоа, тоа и ќе го покажат. До тогаш решавајте ги проблемите на граѓаните за тоа сте избрани и тоа ви е работа, а за Социјалдемократскиот сојуз тоа е работа на партијата и нејзините членови, народот ќе покаже дали сме го направиле правиот избор.
XS
SM
MD
LG