Достапни линкови

Проблем и во новиот закон за медиуми


Клучниот проблем и во новиот нацрт-закон за медиуми е начинот на номинирање членови на Агенцијата за медиуми која треба да биде тело надлежно за функционирање на сите медиуми, велат во МИМ.

И во новото решение на предлог законот за медиуми клучниот проблем останува, а тоа е начинот на номинирање членови на Агенцијата за медиуми која треба да биде тело надлежно за функционирање на сите медиуми, велат во Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Тоа е надвор од сите светски стандарди бидејќи и анализите на ОБСЕ и медиумските организации посочија дека таква организација не може да постои, изјави Билјана Петковска од МИМ.
Таква регулација не смее да постои, меѓутоа гледаме дека и од тоа што синоќа е објавено како нов текст, клучниот проблем останува. Доколку ова остане како конечно решение тогаш паѓаат во вода сите заложби на владата и на државата дека овој закон треба да придонесе за подобрување на состојбите во медиумите, напротив.
Билјана Петковска, МИМ.

„Таква регулација не смее да постои, меѓутоа гледаме дека и од тоа што синоќа е објавено како нов текст, клучниот проблем останува. Доколку ова остане како конечно решение тогаш паѓаат во вода сите заложби на владата и на државата дека овој закон треба да придонесе за подобрување на состојбите во медиумите, напротив.“

Новата верзија е направена откако текстот наиде на многу критики и реакции од новинарските здруженија. Министерот за информатичко општество, вчера на дебатата со новинарските здруженија вети дека во новата верзија ќе бидат вметнати дел од забелешките.

Потпретседателот на Синдикатот на новинари Драган Антоновски нагласува дека сега е битно колку време ќе се остави за да се анализираат новите решенија.
Треба да се даде уште време за да видиме дали сето тоа вреди, инаку има измени од она што успеав ноќеска да го видам, има некои измени кои се прифатени на кои сугериравме, меѓутоа треба да се видат замките кои се внатре, па потоа да дискутираме дали е тоа тоа што треба или не.
Драган Антоновски, потпретседател на ССНМ.

„Треба да се даде уште време за да видиме дали сето тоа вреди, инаку има измени од она што успеав ноќеска да го видам, има некои измени кои се прифатени на кои сугериравме, меѓутоа треба да се видат замките кои се внатре, па потоа да дискутираме дали е тоа тоа што треба или не.“

Искуствата на некои земји зборуваат дека закони се изготвуваат во период од една до две години, а не за неколку месеци. Претходното решение на законот за медиуми кое наиде на критики во изминатиот период беше предмет на анализа два месеци.

Од забелешките во новиот текст вметнати се одредби од она што е проблематично во членот 4, односно 10 посветен на слободата на изразување. За ова прашање Европа и ОБСЕ имале различен став.

„Тоа е во ред. Македонија мора да ја применува европската конвенција, значи прашање е на едни финеси кои се прилично суптилни и околу кои, мислам, дека бааги се манипулира со цел да се оттргне вниманието од суштинскиот проблем, а тоа е кој ќе го спроведува овој закон. Овој закон ќе го спроведува едно тело кое ќе биде комплетно политички инструирано од владејачкото мнозинство“, изјави Петковска.

Министерот Ивановски вчера посочи дека во Министерството за информатичко општество пристигнале 380 коментари на законот, а забелешки се дадени на 117 члена од вкупно 171 член или на повеќе од две третини од законот за медиуми, што е доказ дека она што било направено не чини. Сега има нова состојба, има ново нацрт-решение, што значи повторно сè е пред почеток.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG