Достапни линкови

Превентива од поплави и пожари во Североисточниот регион


Илустрација.
Илустрација.

Безболното справување со кризните состојби, поплави и пожари беше тема на средбата на Центарот за управување со кризи и градоначалниците од Североисточниот плански регион.

Секојдневните дождови и најави за претстојните хидрометеоролошки непогоди, како и појава на пожари на отворен простор во летниот период и што побезболно справување со кризните состојби, беше темата на средбата на надлежните од Центарот за управување со кризи и градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, одржана во Куманово.
Човечкиот фактор, почнувајќи од секој граѓанин, мора да има морални обврски во средината во која живее. Но, тука се и полицијата, одбраната, армијата и останатите кои во рамките на своите задачи имаат улога и за превенција.
Ѓоко Стефановски, Центар за управување со кризи во Куманово.

Иако, од претходната и од годините пред тоа сè уште се чувствуваат последиците од излевањето на Пчиња, Крива Река и некои помали реки од козјачието, според Милован Стојковски, градоначалник на Општината Старо Нагоричане, засега нема такви индиции. Меѓутоа, сите надлежни субјекти треба да бидат подготвени за навремена реакција и меѓусебна соработка.
Ѓоко Стефановски од Центарот за управување со кризи во Куманово.
Ѓоко Стефановски од Центарот за управување со кризи во Куманово.

Ѓоко Стефановски од Центарот за управување со кризи во Куманово вели дека на сите надлежни им е укажано на кој начин треба заеднички да се справуваат со кризните состојби.

„Најнадлежните треба да се ангажираат за справување со шумски пожари, но имаме над 20 ризици и опасности со кои можеме да се соочиме.“
Сите градоначалници треба во најкус рок треба да ги свикаат сите субјекти кои го сочинуваат нивниот кризен штаб кој законски треба да го имаат формирано, за да преземаат превентивни мерки, а не кога веќе настанал некој ризик и тогаш постои можност за декоординација во активностите.
Фарук Бељули, Центар за управување со кризи од Скопје.

Бидејќи и човечкиот фактор има свое влијание во создавање кризни состојби, Стефановски вели:

„Човечкиот фактор, почнувајќи од секој граѓанин, мора да има морални обврски во средината во која живее. Но, тука се и полицијата, одбраната, армијата и останатите кои во рамките на своите задачи имаат улога и за превенција во справување со кризни ситуации.“

Фарук Бељули од Центарот за управување со кризи од Скопје вели дека зависно од сезоната, Центарот има свои планови за делување, а во тоа спаѓаат и формирања на регионални штабови. Тие се запознаени со сите превентивни мерки за појава на пожари на отворен простор.
Фарук Бељули од Центарот за управување со кризи од Скопје.
Фарук Бељули од Центарот за управување со кризи од Скопје.

„Сите градоначалници треба во најкус рок треба да ги свикаат сите субјекти кои го сочинуваат нивниот кризен штаб кој законски треба да го имаат формирано, за да преземаат превентивни мерки, а не кога веќе настанал некој ризик и тогаш постои можност за декоординација во активностите. Целта е пред време да се одржуваат координативни состаноци.“

Мите Андоновски, градоначалник на Кратово, вели дека средбата на надлежните од централно и локално ниво е од големо значење, а за меѓусебната соработка тој додава:

„И од порано и сега соработката меѓу општините е на високо ниво. Досега, секогаш несебично си помагаме не само од општините од Североисточниот регион туку и од другите региони.“

Според Андоновски, во справување со кризни состојби првин се бара помош од територијално најблиските општини за поефикасно надминување на настанатиот проблем, без оглед дали се работи за излевање на река или пак пожар на отворен простор.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG