Достапни линкови

Регионални владини седници - добро или лошо?


Српскиот премиер Ивица Дачиќ во посета на Македонија. Дачиќ пречекан од македонскиот премиер Никола Груевски во Скопје на 28 јануари 2013 година.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ во посета на Македонија. Дачиќ пречекан од македонскиот премиер Никола Груевски во Скопје на 28 јануари 2013 година.

Заедничката седница на македонската и српската влада во Белград, за дел од аналитичарите е добра иницијатив, други, пак, сметаат дека тоа е уште една грешка на македонската Влада. Првата заедничка седница во рамките на проектот за регионална соработка поминува без присуство на министер од редовите на Демократската Унија за интеграција.

Поделени се мислењата за ефектите од заедничката седница на македонската и српската влада во Белград. Професорот Димитар Мирчев смета дека тоа е многу добра иницијатива која не само што ќе ги подобри односите меѓу двете земји, туку ќе биде и пример за воспоставување на такви мултилатерални односи во регионот кој досега недостасуваа.
Со Република Србија ние имаме многу добра соработка, заеднички проекти, заеднички предизвици, ваквите заеднички состаноци на владите можат да помогнат тие само да се поттикнат понатаму, да се доведат до едно оперативно, ефективно ниво и слично.
Димитар Мирчев, аналитичар.

„Со Република Србија ние имаме многу добра соработка, заеднички проекти, заеднички предизвици, ваквите заеднички состаноци на владите можат да помогнат тие само да се поттикнат понатаму, да се доведат до едно оперативно, ефективно ниво и слично.“
Средба на премиерот на Македонија Никола Груевски со српскиот претседател Томислав Николиќ Скопје, Македонија, 2012.
Средба на премиерот на Македонија Никола Груевски со српскиот претседател Томислав Николиќ Скопје, Македонија, 2012.

Наспроти ставот на Мирчев дека ваквите средби треба да се интензивираат, политичкиот аналитичар Арсим Синани вели дека ова е уште една грешка на македонската Влада. Не мисли дека ваквата иницијатива и заедничка средба ќе донесе нешто позитивно за Македонија.

„Имаме ние меѓународни состаноци кои се одржуваат во склоп на ЕУ, мислам дека тие се подобри за соработката. Овие вакви неформални активности не го бранат интересот на албанскиот граѓанин.“
Имаме ние меѓународни состаноци кои се одржуваат во склоп на ЕУ, мислам дека тие се подобри за соработката. Овие вакви неформални активности не го бранат интересот на албанскиот граѓанин.
Арсим Синани, аналитичар.

Првата заедничка седница во рамките на проектот за регионална соработка поминува без присуство на министер од редовите на Демократската Унија за интеграција. Од Владата велат дека нема ништо тенденциозно во тоа. Објаснуваат дека на седницата требало да замине министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, но поради други обврски, како претставник го испратил својот заменик Стево Темелковски.

И Мирчев верува дека се работи за коинциденција, а не за бојкот на заедничката седница штој треба да испрати поинаков сигнал.

„Се работи за коинциденција, веројатно за обврски на некој од министрите во нашата влада за да не учествуваат на состанокот во Белград.“

За Синани пак неприсуството на министрите на ДУИ во Белград е очекувано и разбирливо. Во период во кој Србија и Косово имаат многу незатворени прашања, не треба да се очекува албанските министри да седат на иста маса со српското раководство, вели Синани.

„Србија се уште не е демократизирана како што треба и ги блокира процесите и затоа министрите Албанци нема да учествуваат во вакви спектакуларни активности од кои ништо нема да придобијат граѓаните на Република Македонија.“

На дневен ред на седницата на македонската и српската влада се повеќе теми од заеднички интерес. Главни теми се евроинтеграциите, регионалната соработка, унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена, инвестиците, инфраструктурните проекти. Инаку вакви иницијативи за заеднички владини седници Македонија има испратено и до властите во Бугарија, Албанија и Косово. Од Владата велат дека сите три земји позитивно одговориле на ваквата идеја и во работат на договарање на термин за нивно одржување. Српската Влада одговорила најбрзо бидејќи има најголемо искуство во држење седници со влади на други земји.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG