Достапни линкови

Македонија меѓу Косово и Србија


 Конференција на претседателите на парламентите од ПСЈИЕ. Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Конференција на претседателите на парламентите од ПСЈИЕ. Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Македонските власти не упатија покана до Косово за учество на регионалниот самит во Охрид. Познавачите велат дека самитот кој е значаен за регионалната соработка, паѓа во сенка на проблемите на државите на Балканот.

Преседан со кој се потценуваат напорите на Брисел за добрососедски односи на Балканот со нејасна правна основа. Вака аналитичарите ја коментираат одлуката на македонските власти да не се упати покана до Косово за учество на регионалниот самит во Охрид.
Ние се надевавме дека овојпат тоа ќе биде надминато со оглед на настаните во Брисел и потпишувањето на спогодбата меѓу Србија, Косово и ЕУ, меѓутоа разликите не се надминати.
Денко Малески, универзитетски професор.
Колку тука има правна основа – не знам, но има преседани, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

„Потребен е договор и согласност на они што учествуваат и веројатно македонската страна проценила дека ако Србија условува дека позначајно за нас е Србија да учествува, отколку Косово. Тоа мора да е во крајна линија анализата која ја направиле нашите аналитичари.“

Станува збор за значаен настан за регионалната соработка, која паѓа во сенка на проблемите на државите на Балканот, вели Малески.
Конференција на претседателите на парламентите од ПСЈИЕ. Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Конференција на претседателите на парламентите од ПСЈИЕ. Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

„Ние се надевавме дека овојпат тоа ќе биде надминато со оглед на настаните во Брисел и потпишувањето на спогодбата меѓу Србија, Косово и ЕУ, меѓутоа разликите не се надминати и ќе биде жално ако еден корисен самит да падне во сенката на тие несогласувања.“
Преговорите во Брисел меѓу Белград и Приштина ги иницира Европската комисија, Европската унија, мислам дека е многу погрешно ние од позиција на Македонија како сосед да праќаме пораки кој ни е побитен.
Алберт Муслиу, аналитичар.

Токму преговорите меѓу Белград и Приштина беа главна тема на дискусија на Балканот во последно време, потсетува политикологот Алберт Муслиу.

„Ако можат претседателите и премиерите не двете земји да се среќаваат во Брисел, не знам што би било проблематично тие да се сретнат во Охрид, така што мислам дека ова е уште еден гаф на нашата надворешна политика и дипломатија, и сигурно тоа многу не го промислиле во кабинетот на претседателот кога сета оваа процедура е започната.“

Грешка е ние како Македонија да испраќаме пораки кој ни е побитен, вели Муслиу.

„Преговорите во Брисел меѓу Белград и Приштина ги иницира Европската комисија, Европската унија, мислам дека е многу погрешно ние од позиција на Македонија како сосед да праќаме пораки кој ни е побитен, земајќи го фактот дека една третина од населението кај нас, зборувам за албанската заедница, е пристрасен кон Косово.“

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека самитот е со утврдена структура: „Согласно основачките акти и досегашната практика, Република Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството“ реагираат од кабинетот на шефот на државата.
XS
SM
MD
LG