Достапни линкови

Собранието како контролор на владата - неостварен идеал


Идеално би било Собранието да претставува клучна институција во демократско општество, но Македонија е далеку од тоа, велат политиколозите.

Идеално би било Собранието да претставува клучна институција во демократско општество, но Македонија е далеку од тоа, велат политиколозите во врска со обраќањето на претседателот на парламентот Трајко Вељаноски. Првиот човек на законодавниот дом на Самитот во Охрид изјави дека само силен и почитуван парламент може реално да ја врши контролната функција врз владата.
Изгледа дека ние сме први по тоа да кажеме како и што треба да се направи, меѓутоа сме последни во тоа истото тоа да го направиме.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Светлосни години сме оддалечени од таква ситуација, коментира политикологот Мерсел Биљали.

„Значи, собранието да ја остварува уставната улога во однос на владата како контрола врз извршната власт и како одговорност на извршната власт пред собранието. Така што, изгледа дека ние сме први по тоа да кажеме како и што треба да се направи, меѓутоа сме последни во тоа истото тоа да го направиме.“

Потребни се суштински промени на системот за да се постигне целта Собранието да ја преземе улогата на контролор на власта, вели Биљали.
Имало периоди кога ние сме имале силен парламент, но никогаш посилен од извршната власт.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„Почнувајќи со промена на изборниот модел, односно пропорционален со отворени изборни листи, со што ќе овозможиме силни луѓе да избијат на површина, наместо лидерите кои стануваат неприкосновени. Значи, многу е важно да се појават луѓе кои ќе му ја намалат силата на лидерот.“

Поранешниот пратеник Исмет Рамадани вели дека во идеална ситуација парламентот би требало да биде најмоќна институција која ќе стои во одбрана на демократскиот процес.

„За жал, таков парламент ние не сме имале никогаш. Имало периоди кога ние сме имале силен парламент, но никогаш посилен од извршната власт.“

Рамадани исто така забележува дека проблематичен е моделот по кој се избираат пратениците.

„Така што, пратениците се повеќе сервилни кон власта, особено ако нивната партија е на власт, и тогаш парламентот нема ниво и улога и не може да ја контролира извршната власт.“
XS
SM
MD
LG