Достапни линкови

Охрид домаќин на регионалниот самит на Југоисточна Европа


Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Белград, 2012.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Белград, 2012.

Охрид во наредните неколку дена ќе биде домаќин на значајни меѓународни настани кои се дел од завршувањето на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Охрид во наредните неколку дена ќе биде домаќин на значајни меѓународни настани кои се дел од завршувањето на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Денес започнува 10-тата Конференција на претседатели на Парламентите на Југоисточна Европа чиј што домаќин е македонскиот претседател на собранието Трајко Вељаноски, а според најавите на конференцијата е предвидено да се разгледува досегашната меѓупарламентарна соработка во регионот и улогата на националните парламенти врз влијанијата предизвикани од економската криза. На крајот од конференцијата учесниците се очекува да усвојат и завршна декларација.
Оваа конференција е во духот на добрата регионална соработка, во градењето на добрососедски односи и во создавање на еден нов позитивен дух на соработка меѓу државите од Југоисточна Европа.
Ермира Мехмети, претседател на работната група на парламентарната димензија на Процесот на соработка на Југоисточна Европа.

Пратеничката Ермира Мехмети очекува дека од конференцијата ќе произлезат многу позитивни ефекти за целиот регион.

„Ќе имаат можност претседателите на собранија од регионот да разменат свои видувања и искуства и информации во заедничките заложби на државите од регионот за што поскора интеграција во ЕУ и НАТО. Оваа конференција е во духот на добрата регионална соработка, во градењето на добрососедски
Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Црна Гора, 2011.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Црна Гора, 2011.
односи и во создавање на еден нов позитивен дух на соработка меѓу државите од Југоисточна Европа.“

Мехмети која е дел од оваа иницијатива и е претседател на работната група на парламентарната димензија на Процесот на соработка на Југоисточна Европа вели дека е задоволна од македонското претседателствување со овој процес.

„Имавме многу активности меѓу кои и иницијатива за основање на парламентарно собрание на државите членки на процесот на соработка во Југоисточна Европа. Таквата иницијатива беше позитивно пречекана од страна на сите земји членки“, вели Мехмети.

Мехмети очекува наредните неколку дена од Охрид да бидат упатени добри и позитивни пораки во градењето на односите и помеѓу Македонија и Грција и затоа вели потребно е и Грција да одговори позитивно на оваа иницијатива. Како дел од македонското претседавање со ПСЈИЕ на втори јуни, во Струга, е предвидено и одржување на 11-тиот Самит на шефови на држави на ЈИЕ во рамките на Форумот - Дијалог меѓу цивилизации.
XS
SM
MD
LG