Достапни линкови

Неделен печат - Индустрија и состојбите во СДСМ


Глобус и Република пишуваат за состојбите во СДСМ и за изборот на нов лидер, а Капитал ја анализира индустријата.

Глобус – Од глиста змија не бидува
Каква и да биде промената на врвот на СДСМ, една работа е неминовност, кој и да е, како и да е, економист ќе го наследи досегашниот електоинженер.
Република.

Во редовната колумна „Офаманаман“ овој пат под наслов: „Од глиста змија не бидува“ нејзиниот автор во он-лајн магазинот Глобус си го кажува мислењето за избор на нов претседател на СДСМ, но и ја анализира психологијата на создавање државни непријатели или култура на непријателство. Во разни периоди и по разни поводи, нашата политичка елита ја ревитализира културата на непријателство спрема Бугарија, Албанија, Грција или Србија во функција на сопствената репродукција, пишува неделникот. Митот за четирите волци е важен дел од културното формирање на секое детенце во македонскиот културен круг. Ние никогаш не се прашуваме на која соседна земја ние сме најголем непријател и дали ние на сите сме им непријател, пишува авторот на колумната во Глобус.
Македонското производство на метали сè уште не може да закрепне од намалената светска побарувачка поради кризата и забележало пад од 23%, а индустриското производство забележало раст од 2,7% во првите три месеци од годинава.
Капитал.

Република - Економисти версус електроинженер

Република продолжува со анализите за тоа кој ќе биде новиот лидер на СДСМ,освен, како што пишува, „ако на 2 јуни инженерот не се премисли“. „Економисти версус електроинженер“, е насловена анализата во која авторот, покрај другото, пишува: „Каква и да биде промената на врвот на СДСМ, една работа е неминовност, кој и да е, како и да е, економист ќе го наследи досегашниот електоинженер“. Кандидатите што се во игра се економисти, од првиот до последниот. Рецептот е проверен, пред 10 години го употреби конкуренцијата, од нив, седум години е на власт. Па, зошто да се експериментира? Економист му е мајката... навива Република.

Капитал - Ако по утрото денот се познава

„Компаниите ги извадија кварталните резултати: Ако по утрото денот се познава...“, ја насловува Капитал главната тема во најновиот број. Металурзите ќе преживуваат, прехраната и градежништвото се надеваат на добра година, тврди неделникот откако ги анализира кварталните резултати на компаниите што котираат на Македонската берза. Македонското производство на метали сè уште не може да закрепне од намалената светска побарувачка поради кризата и забележало пад од 23%, а индустриското производство забележало раст од 2,7% во првите три месеци од годинава. И прехрамбениот сектор и фармацијата покажуваат раст на приходите, прехрамбената индустрија, на пример, забележала раст од 1,8%, а чистата добивка на хотелските компании, Македонија турист и Хотели Метропол е за 33%,односно за 21% помала од лани, наведува во анализата Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG