Достапни линкови

Пресна и поучна музика на третиот фестивал „Здраво млади!“


16 артисти или некаде педесетина изведувачи од десет светски држави ќе настапат на третото издание на Фестивалот на нова музика „Здраво Млади!“, што утревечер со почеток од 19 часот, на две сцени, ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.

Oд приквечерина до зори. Пресна и поучна музика. Ултимативно танцовна. Еколошки освестена. Мевлем за ушите и душата на урбано Скопје. Само вака и никако поинаку може со неколку збора да биде најавено третото издание на Фестивалот на нова музика „Здраво млади!“, кој овој петок, на две сцени ќе се случува во Младинскиот културен центар и кој, барем на неколку часа, ќе треба да го претвори градот од провинциско-турбофолкоидна паланка во метропола која го следи ритамот на светот.
Фестивалот е всушност промоција на современа и свежа музика која некако со текот на годините го заобиколуваше Скопје и нашата држава додека во Европа и во светот има една огромна нова сцена која е прилично интересна, во тек со времето и многу потентна.
Владица Младеновски, соработник во музичката редакција на МКЦ.

За почеток на случувањата е најавено современото лондонско панк-рок дуо БИЧИЗ. Следуваат Илија Дуни и Трајче Николовски кои од 2012 во Белград работат како ТИ и творат „сонлива електро поп музика“, а по нив и мрачните Ирци – ГРЛС НЕИМС.
ДЏ Спин и ДЏ Рашад.
ДЏ Спин и ДЏ Рашад.

Д ЏОН се очекува по осумдневната успешна регионална турнеја директно од комбе да се искачат на сцената и да го отсвират својот најдобар концерт пред овдешната публика, а по нив е планиран настапот на главната ѕвезда на „Здраво млади!“ - Канаѓанката со руско-украинско потекло ЧАЈНАВУМАН, или носталгичната инди-поп музичарка Мишел Гуревич. Неа ја споредуваат со легендарната Нико, со класикот Леонард Коен, по гласот и со Танита Тикарам, та дури и со ненадминатата ѕвезда од
Сите овие три години се обидуваме да го креираме и визуелниот идентитет на фестивалот, па за таа цел годинава поканивме тројца интернационални виџеи кои се во Скопје веќе пет дена и работат на мапирање на просторот во МКЦ и на подготовки за нивниот перформанс.
Владица Младеновски, соработник во музичката редакција на МКЦ.
советската комунистичка ера Ала Пугачова, а таа по преселбата во Берлин само потврдува дека со невидена леснотија се движи во морето од грандиозни ретро-мотиви и изненадувачка искреност. И, конечно за фуриозно финале под отвореното небо ќе се погрижат ФМ БЕЛФАСТ од Исланд и домашните хип-хоп херои ГРИН АУТ со својот специфичен музички израз кој содржи елементи на џез, фанк, блуз, како и луцидна рап-лирика со здрава доза на хумор.
Чајнавомен.
Чајнавомен.

На внатрешната сцена прв ќе се искачи германскиот лупстејшн махер Конрад Кушенмајстер, потем младиот и надежен македонски диџеј Ултериор, па искусниот Гејм оувер, некаде по полноќ зад грамофоните ќе застанат основоположниците на новото глобално денс-чудо - движењето „џук/футворк“, американците диџеј Рашад и диџеј Спин, а точка на сè ќе стават „психоделично-левичарските“ КАНТОН 6 со нивниот бескраен бит.

„Фестивалот е всушност промоција на современа и свежа музика која некако со текот на годините го заобиколуваше Скопје и нашата држава додека во Европа и во светот има една огромна нова сцена која е прилично интересна, во тек со времето и многу потентна. МКЦ има свој театарски фестивал кој се одржува веќе 38 години, има силен филмски фестивал, а немаше музички фестивал. Сметавме дека можеби фали нешто што ќе даде поинаков концепт од постојните етаблирани музички фестивали“, истакнува Владица Младеновски, соработник во музичката редакција на МКЦ.

Тој дополнува дека и за целото ова кратко време од постоењето на Фестивалот, тие упорно работат и на изградбата на визуелниот идентитет на манифестацијата. Годинава таа одговорна задача им е доверена на виџеите Вџанк и Вајлдбит од Турција и на Рандом докторс од Финска.

„Сите овие три години се обидуваме да го креираме и визуелниот идентитет на фестивалот, па за таа цел годинава поканивме тројца интернационални виџеи кои се во Скопје веќе пет дена и работат на мапирање на просторот во МКЦ и на подготовки за нивниот перформанс. Сметаме дека таа сцена полека треба да ја разбудиме и од таму сосема логично е што тие во нашето „Џебно кино“ со десетина млади луѓе од градов одржаа и работилница на која им ги објаснуваа основните постулати на виџејството.“

Кон ова само уште констатацијата дека фестивалот „Здраво млади!“ и пред неговото одржување на кое му претходеа неколку промо настани, а уште повеќе преку промотивните концерти на БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, МУГЕР ФУГЕР, БЕИ Д ФИШ... веќе може да се смета како заокружување на неопходно потребната заложба на Младинскиот културен центар наново да стане лулка на прогресивните музичко-сценски идеи и незаобиколиво сврталиште на самомислечките млади луѓе во градов во кој поодамна е реалност жестоката битка со простотилакот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG