Достапни линкови

Тарчуловски во Скопје пречекан како херој


Тарчуловски пречекан како херој во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Тарчуловски пречекан како херој во Скопје

Единствениот осуден од Македонија за воени злосторства Јохан Тарчуловски, по осум години поминати во затвор, се врати дома. Во Скопје беше пречекан како херој.

Единствениот осуден од Македонија за воени злосторства Јохан Тарчуловски, по осум години поминати во затвор, се врати дома. Во Скопје беше пречекан како херој од илјадници поддржувачи кои го скандираа неговото име. Во чест на неговото враќање на плоштадот Македонија се одржува прослава на која настапуваат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.
Се докажало на времето и се докажува и денеска – жртвата за Македонија нема цена. Како што рекол Гоце Делчев, за делото нема почеток и нема крај, но ќе додадам уште едно, и нема условувања. Сакам да изразам една голема, голема благодарност до сите македонски бранители, сите оние кои сега се со нас, но и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени.
Јохан Тарчуловски.

Веднаш по пристигнувањето со владиниот авион на скопскиот аеродром „Александар Велики“ го пречекаa неговите деца и премиерот Никола Груевски.

На аеродромот го пречекаа членови на неговото семејство, пријатели и поддржувачи, владини министри, пратеници, како и голем број граѓани кои дојдоа лично да го поздрават и да му посакаат добредојде. Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаа да дојдат и да го пречекаат Тарчуловски. Тој им се заблагодари на поддршката ним, но и на цела Македонија.
Знаев и сфатив дека никогаш не згрешив и бев во право и знам дека некогаш во животот мора да се собере сила и да го ставиш својот грб како поткрепа на твојата земја, на твојот народ, онаму и на она поле каде што можеш, за земјата што те родила и ти дала да живееш да ѝ се оддолжиш кога и требаш.
Јохан Тарчуловски.

„Се докажало на времето и се докажува и денеска – жртвата за Македонија нема цена. Како што рекол Гоце Делчев, за делото нема почеток и нема крај, но ќе додадам уште едно, и нема условувања. Сакам да изразам една голема, голема благодарност до сите македонски бранители, сите оние кои сега се со нас, но и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени“, рече тој.

По пристигнувањето, Тарчуловски имаше средба со премиерот Никола Груевски во владата, а потоа во придружба на премиерот и високи владини претставници тој положи цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“. Од таму се упатија кон плоштадот Македонија каде што се одржува прославата.

Обраќајќи им се на присутните, тој рече дека е пресреќен што се враќа дома, кај семејството.

„Знаев и сфатив дека никогаш не згрешив и бев во право и знам дека некогаш во животот мора да се собере сила и да го ставиш својот грб како поткрепа на твојата земја, на твојот народ, онаму и на она поле каде што можеш, за земјата што те родила и ти дала да живееш да ѝ се оддолжиш кога и требаш.“

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен. Хашките истражители испитуваа уште четири други случаи за воени злосторства извршени во 2001 година од припадници на ОНА, но никогаш не беше подигнато обвинение. Хашкиот суд ги врати случаите во Македонија, но македонските судови ги чуваа предметите во фиока сè до пред две години кога собранието ги амнестираше. Тарчуловски тогаш преку писмо ја поддржа амнестијата изразувајќи надеж дека со тоа се затвора последното поглавје од 2001 година.

Лани, тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими положи цвеќе пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане. Како реакција на тоа, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за бранителите во Собранието. Пратениците на ДУИ го блокираа законот. Пратеникот Талат Џафери најмногу се истакнуваше во тоа, блокирајќи ја комисиската расправа со молчење или со читање поезија, но пред два месеци токму тој беше именуван за нов министер за одбрана.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG