Достапни линкови

Невладините регистрираа неправилности и толку


Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Невладините организации Мост и Цивил ги сумираа забелешките за неправилности за време на вчерашното гласање на локалните избори.

Националистичка реторика и нејаснотии околу прочистувањето на избирачкиот список, како и повреда на тајноста на гласањето, евидентирање гласачи и славеничко пукање. Ова се само дел од забелешките на невладините организации по завршувањето на првиот круг гласање на локалните избори во земјава.
Ненормалното однесување и недемократските методи се издигнати на ниво на нормалност и секојдневие за граѓанките и граѓаните на Република Македонија.
Џабир Дерала, НВО „Цивил“.

Џабир Дерала од невладината „Цивил“ вели дека меѓу другото било забележано и кршење на предизборниот молк и злоупотреба на ресурсите на државните и локалните институции. Тој додава дека Цивил ја смета за неприфатлива реториката на политичките партии.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.

„Уште еднаш констатираме дека ненормалното однесување и недемократските методи се издигнати на ниво на нормалност и секојдневие за граѓанките и граѓаните на Република Македонија“, вели Дерала.
Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се групно и семејно гласање, некористење на УВ ламбата, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од страна на партиските набљудувачи на самото гласачко место.
Дарко Алексов, Граѓанска асоцијација „Мост“.

Цивил забележува дека по завршувањето на гласањето се славело со употреба на огнено оружје. За време на гласањето биле регистрирани партиски активисти како ги евидентираат гласачите. Дали сите овие неправилности може да влијаат на исходот од првиот круг? Дерала одговара:

„Како што кажав, системот е контаминиран со нерегуларности и незаконско однесување во долг временски период. Во долг временски период нерегуларностите се навлезени во ткивото на општеството и на системот, така што вие дури и на самиот ден на гласање можете да имате релативно мирна ситуација, како што имавме и како таква ќе биде регистрирана во најголем дел од мисиите и извештаите, меѓутоа тие секако дека директно и суштински влијаат воопшто на демократската атмосфера, а се разбира и на изборните резултати“, вели Дерала.

Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера, а избирачките одбори беа ефикасни, вели Дарко Алексов од Граѓанската асоцијација „Мост“.

„Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се групно и семејно гласање, некористење на УВ ламбата, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од страна на партиските набљудувачи на самото гласачко место.“

И на овие избори со стари проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк


Покрај препораките на „Мост“ не беше спроведена теренска проверка на избирачкиот список, забележува Алексов.

„Со тоа повторно се остави простор за недоверба во податоците од избирачкиот список, па така на неколку дена пред изборите една од политичките партии побара од ДИК да провери дали 13.869 избирачи се незаконски запишани во избирачкиот список. Од друга страна, ДИК не издаде официјално соопштение за увидот во избирачкиот список, односно, колку промени биле направени во истиот согласно законските одредби и во законски предвидениот рок“, вели Алексов.

Откако власта прогласи убедлива победа по првиот круг гласање, опозицијата најави поднесување жалби, не исклучувајќи ја можноста за бојкот на вториот круг гласање, закажан за две недели.
XS
SM
MD
LG