Достапни линкови

Навреди, лаги и видео ленти


Изборната кампања завршува вечер на полноќ. Партиските кандидати за градоначалници и советници голем дел од времето потрошија за антикампања.

Изборната кампања завршува вечер на полноќ, а коментарот на повеќемина граѓани во врска со тој факт е „шуќур, имало крај“. Луѓето се веќе предозирани од реклами, митинзи, пораки, ветувања, меѓуетнички тензии. Ним им пречи тоа што партиските кандидати за градоначалници и советници голем дел од времето потрошија за антикампања, односно за навреди и оцрнување на конкурентите.
Не ви е потребен човек од кадрите на Бранко Црвенковски и на СДСМ, кои се пример како се напредуваше во периодот на транзацијата. Вас ви треба човек којшто чесно и со труд се борел низ животот и така ќе продолжи да се бори.
Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

„За мене тоа веќе не е кампања, јас повеќе тоа не можам да го гледам.“

„Кампањата е малку досадна затоа што народот е преокупиран со економската ситуација.“
Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

„Меѓусебни навреди, препукувања, тоа не ми се допаѓа, нема ништо позитивно.“

Дека важи онаа народната „денот по утрото се познава“, потврди и оваа кампања. Како што почна, така и ќе заврши, главниот збор го имаа лидерите на најголемите партии. Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ги фали своите кандидати, но и ги критикува, а и ги навредува противничките.
Да му покажете, да му покажеме сите заедно на Никола Груевски и на нивниот режим дека нивното време заврши, дека народот сака промени, дека народот бара веднаш предвремени парламентарни избори.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

„Не ви е потребен човек од кадрите на Бранко Црвенковски и на СДСМ, кои се премер како се напредуваше во периодот на транзацијата. Вас ви треба човек којшто чесно и со труд се борел низ животот и така ќе продолжи да се бори“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Делчево.

А претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во Прилеп повтори дека граѓаните на 24 март одлучуваат не само за победникот на локалните избори, туку и за тоа дали по нив ќе има и вонредни парламентарни.
Предизборен митинг на СДСМ во Струмица.
Предизборен митинг на СДСМ во Струмица.

„Да му покажете, да му покажеме сите заедно на Никола Груевски и на нивниот режим дека нивното време заврши, дека народот сака промени, дека народот бара веднаш предвремени парламентарни избори.“

Во блокот на партиите на Албанците, пак, кампањата завршува со обвинувањата од ДПА дека во изминатите години ДУИ не направила ништо за Албанците. Најмногу реакции сепак предизвикаа контроверзните фотографии објавени на социјалните мрежи пред синоќешниот митинг во Кичево, на кои лидерот на ДУИ Али Ахмети е со калашњиков. Ахмети синоќа рече дека таквите фотографии се минато и оти нивните погледи се свртени кон иднината.
Кампањата е малку досадна затоа што народот е преокупиран со економската ситуација.
Анкетиран граѓанин.

Последниве неколку дена се актуелни и обвинувањата на опозицијата дека во општина Центар има фантомски гласачи кои се дојдени од Мала Преспа, што владејачките партии и полицијата го негираа, велејќи дека станува збор за турски студенти.

И едно од главните ветувања на поголемиот дел од кандидатите за градоначалници, дека ќе изведат гасификација на нивните општини, засега ќе причека. Имено, Министерството за транспорт и врски деновиве го поништи тендерот за изработка на физибилити студија за развој на дистрибутивни мрежи на природен гас во Македонија.

А кога сме веќе кај ветувањата, на крајот само да го спомнеме и примерот што го наведе невладината Цивил, а е дел од многуте траги-комични ситуации во кампањата, дека некои партии им ветувале невести на неженетите гласачи, ако го дадат својот глас за нив.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG