Достапни линкови

Индустриска зона во секое село?


Нови индустриски зони во речиси секоја општина, најавуваат кандидатите за градоначалници, но за тоа е потребно да има некој што е заинтересиран да инвестира.

Кандидатите за градоначалници најавуваат нови индустриски зони во речиси секоја општина со што треба да се овозможи силен економски раст и ќе се отворат нови вработувања. Исто така, владата најави дека планира наскоро да отвори четири нови економско индустриски зони во Македонија и оти за нивно опремување државата ќе инвестира 15 милиони евра.
Таквите процеси не се од политичка природа и не смеат да се користат во изборната кампања на кој било кандидат за градоначалник, а тоа е и некако многу нереално имајќи го предвид досегашниот прилив на странски инвестиции во државата.
Ристо Гуштеров, бизнисмен.

Бизнисменот Ристо Гуштеров коментира дека предуслов за формирање нови економски зони е привлекување на што поголем број странски инвеститори. Судејќи според неговите зборови, тоа што кандидатите го најавуваат сега е нереално имајќи ги предвид и искуствата со досегашните економски зони.
Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“ на 22 август 2012 година.
Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“ на 22 август 2012 година.

„Таквите процеси не се од политичка природа и не смеат да се користат во изборната кампања на кој било кандидат за градоначалник, а тоа е и некако многу нереално имајќи го предвид досегашниот прилив на странски инвестиции во државата.“
Секоја општина треба да направи проценка дали може да ги обезбеди оние инфраструктурни потреби за зоната, значи да донесе пат, да донесе вода, да донесе одвод на вода, да донесе електрична енергија како би можеле инвеститорите да откупат земјиште во зоната и да инвестираат.
Митко Алексов, Сојуз на стопански комори.

На странските инвеститори треба да им се понуди успешен модел. Тоа е можно ако имате една полна слободна економска зона како што беше замислено во првичните планови да биде Бунарџик, каде требаше да има педесетина фабрики од мултинационални корпорации, а не да се расфрламе низ целата држава, коментира Гуштеров.

„Сега на некој начин тој процес лабаво се одвива во слободната економската зона Бунарџик“, вели Гуштеров.

Митко Алексов од Сојузот на стопански комори размислува дека секоја општина треба да има шанса да може да формира индустриска зона. Тоа зависи од самите општини кои треба да одлучат дали имаат капацитет истите да ги сервисираат, наведува Алексов.

„Секоја општина треба да направи проценка дали може да ги обезбеди оние инфраструктурни потреби за зоната, значи да донесе пат, да донесе вода, да донесе одвод на вода, да донесе електрична енергија како би можеле инвеститорите да откупат земјиште во зоната и да инвестираат“, вели Алексов.

Познато е дека стопанствениците постојано бараат од централната и од локалната власт да работи врз подобрување на инфраструктурната поврзаност што е еден од предусловите за привлекување инвестиции.

Во текот на кампањата, индустриски зони, освен во градовите во внатрешноста се најавуваат и во повеќе општини во Скопје. Кандидатите најавуваат дека во рамките на индустриските зони ќе бидат обезбедени сите комунални и инфраструктурни услови и дека зоните ќе бидат наменети за малото стопанство.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG