Достапни линкови

Печалбарите го одредуваат победникот во Центар Жупа


Центар Жупа.
Центар Жупа.

Поради тоа што ова е печалбарска општина, двајцата кандидати за градоначалник на општина Центар Жупа која има околу 4 илјади гласачи – Арјан Ибраим Од Турската демократска партија и Мазлум Хасан, независен кандидат, организираа неколку митинзи со печалбарите во неколку градови на Италија, особено во областа Венето, каде е и најголемата концентрација на печалбарите од оваа општина.

И на овие локални избори во општина Центар Жупа, гласот на печалбарите кои од Италија ќе дојдат за да учествуваат во изборниот процес ќе биде клучен за изборниот резултат. Поради тоа што ова е печалбарска општина, двајцата кандидати за градоначалник на општина Центар Жупа која има околу 4 илјади гласачи – Арјан Ибраим Од Турската демократска партија и Мазлум Хасан, независен кандидат, организираа неколку митинзи со печалбарите во неколку градови на Италија, особено во областа Венето, каде е и најголемата концентрација на печалбарите од оваа општина.
Ние во соработка со здружението на нашите печалбари „Мост“ со седиште во Италија, имаме информации дека двајцата кандидати за градоначалник на нашата општина веќе одржаа по неколку митинзи во Италија пред печалбарите. Пред печалбарите се дадени ветувања и е изнесена изборната програмата на кандидатите. Печалбарите со голем интерес ги следеле митинзите на кандидатите. Печалбарите многу ги интересира што кандидатите нудат за овие локални избори.
Фехми Скендер, граѓанска организација „Жупа Турклери“.

„Ние во соработка со здружението на нашите печалбари „Мост“ со седиште во Италија, имаме информации дека двајцата кандидати за градоначалник на нашата општина веќе одржаа по неколку митинзи во Италија пред печалбарите. Пред печалбарите се дадени ветувања и е изнесена изборната програмата на кандидатите. Печалбарите со голем интерес ги следеле митинзите на кандидатите. Печалбарите многу ги интересира што кандидатите нудат за овие локални избори“, вели Фехми Скендер од граѓанската организација „Жупа Турклери“.
Фехми Скендер.
Фехми Скендер.

Според него, разбирливо е што кандидатите за градоначалник на општина Центар Жупа првите промоции на своите програми ги претставија пред печалбарите во Италија, бидејќи нивното присуство на изборите ќе влијае директно и многу во изборниот резултат.

„Од општина Центар Жупа околу 70 насто од населението е на печалба во странство, а најголемиот број на печалбари е во Италија. Минатите локални избори во родниот крај за да гласаат специјално дојдоа над 1500 печалбари со право на глас. Се оценува дека токму нивниот глас ќе биде клучен за исходот на изборите и ќе го определи победникот за градоначалник и резултатите за советниците“, вели Скендер.

Во изборните штабови на двајцата кандидати за градоначалник во оваа рурална општина потврдуваат дека голем ќе биде бројот на печалбарите кои ќе пристигнат за изборите и додаваат дека тие гласови се битни. Нивниот интерес да гласаат во родниот крај е мошне голем.

Пред четири години во оваа општина пристигнаа околу 2000 печалбари со право на глас. Такви предвидувања има и за овие локални избори. Населението смета дека и овој пат печалбарите ќе одлучат кој ќе победи. Тие оценуваат дека кој кандидат за градоначалник ќе донесе повеќе печалбари кои ќе гласаат, тој и ќе ја однесе победата.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG