Достапни линкови

Мемињата протестираат – Хумористичен активизам


Марко Ѓорѓиев, активист на Младинскиот образовен форум.
Марко Ѓорѓиев, активист на Младинскиот образовен форум.

Користењето на графичка сатира која на луѓето им е позната го олеснува ширењето на пораки низ масите. Луѓето се идентификуваат со групите кои користат мемиња кои тие ги препознаваат, ги следат нивните пораки, ја поддржуваат нивната кауза, пишува Марко Ѓорѓиев, активист на Младинскиот образовен форум во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Со се побрзиот развој на дигиталните алатки, активизмот добива нова форма. Во денешно време, не може да пројде настан без тоа да се објави на Фејсбук, Твитер, Јутјуб, итн. Интернетот е првата и последната станица во животниот тек на скоро секоја активност. А прилично голем дел од тој фиктивен простор завземаат содржини познати како ’мемиња‘. Неминовно е, значи, истите да се најдат во фокус и кога станува збор за активизам. Но, како тоа се рефлектира на самите активности?
Мемиња се сите, во овој случај, интернет содржини кои се прошируваат преку самостојно споделување од страна на корисници. Со тоа може да се заклучи дека мемињата не се секогаш смешни содржини, но се секогаш содржини кои го фаќаат вниманието на читателот.

Да почнеме од почеток: што е тоа меме? Мемиња се сите, во овој случај, интернет содржини кои се прошируваат преку самостојно споделување од страна на корисници. Со тоа може да се заклучи дека мемињата не се секогаш смешни содржини, но се секогаш содржини кои го фаќаат вниманието на читателот. Во последно време, на интернет наидувам на содржини кои прикажуваат користење на мемиња на секакви места: од канцеларии до школски презентации, користењето на препознатливи симболи во нивните многубројни дефиниции станува се почесто. Значи мемињата ги има во изобилие и по кратка дедукција, стигнуваме до заклучок дека луѓето отворено го прифаќаат нивното користење насекаде. Но тоа се сепак содржини чија првична намена е да бидат смешни.

Како тогаш е позитивно нивното користење во сериозни активности, како на пример промовирање и/или практикување на активизам? Секојдневниот човек нема да се запрепасти ако некој личен пријател почне игра да Харлем шејк пред него или искористи позната фраза во разговор. Но доколку истото го направи позната, видна личност, на пример политичар, целата активност добива многу поразлични димензии. Полскиот парламент го докажа тоа со користење на познатата Гај Фокс маска, за да искаже поддршка на интернет заедницата позната како ’анонимус‘ во протестот против европскиот закон за регулација на интернетот, или АКТА. Реакциите на народот за овој потег беа исклучително позитивни. Во исто време, слики од познати политичари се користат сатирично скоро секојдневно, што значи дека и самите политичари стануваат основа за создавање на вакви содржини. Мемињата, полека но сигурно, стануваат моќна алатка за промовирање на активизам, во било кој размер.
Секојдневниот човек нема да се запрепасти ако некој личен пријател почне игра да Харлем шејк пред него или искористи позната фраза во разговор. Но доколку истото го направи позната, видна личност, на пример политичар, целата активност добива многу поразлични димензии. Полскиот парламент го докажа тоа со користење на познатата Гај Фокс маска, за да искаже поддршка на интернет заедницата позната како ’анонимус‘ во протестот против европскиот закон за регулација на интернетот, или АКТА.

Користењето на графичка сатира која на луѓето им е позната го олеснува ширењето на пораки низ масите. Луѓето се идентификуваат со групите кои користат мемиња кои тие ги препознаваат, ги следат нивните пораки, ја поддржуваат нивната кауза. Но ако тоа е причината за приклучување кон активизам, дали тогаш се пренесува вистинската порака?

Мемињата се успешни во собирање на масите, поради тоа што се познати, прости и забавни, но активизмот често се карактеризира со спротивни атрибути. А дури и кога двете ќе се имплементираат во перфектна хармонија, секогаш постои трета страна која истите ќе ги искористи против вас т.е. ќе ја исмева сериозноста на вашите активности. Значи мемињата помагаат во промоција на вашата порака, што е основната цел на вашиот настан, но од друга страна претставуваат лабилност во поглед на претставување на вашите цели пред финалната публика.

Мемињата се поле кое се уште не е доволно истражено, во поглед на користење за професионални цели. Животот на секоја содржина зависи директно од интернет корисниците. Мемињата се содржини кои не се креираат со цел, кои варираат во значење во зависност од тоа кој ги уредува и кои во секое време можат да се интерпретираат на повеќе начини. Но сепак, активизмот постои за народот да ги комуницира своите потреби со народот, а во таков процес, секогаш е добредојдено малку хумор.
XS
SM
MD
LG